Свет
Ердоган предупредува дека терористи блиски до Багдади се обидуваат да влезат во Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористите од опкружувањето на убиениот лидер на т.н. Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, се обидуваат од Сирија да влезат во Турција.
Ердоган исто така истакна дека бројот на луѓето кои се роднински поврзани со Багдади, а заробени од турските сили е речиси двоцифрен.
Турскиот претседател објави дека турските сили уапсиле една од сопругите и ќерките на Багдади.
„Соединетите Држави објавија дека Багдади се самоубил во тунел и започнаа кампања за тоа. Но, ова го објавувам за првпат тука: Ја заробивме неговата сопруга и не зборувавме за тоа гласно насекаде, како нив. Ние, исто така, ги заробивме неговата сестра и зет во Сирија“, рече Ердоган во говорот на универзитетот во Анкара, пренесе „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Сикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина и нема да запре
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денес во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека нема да застане тука.
„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да биде парализирачка. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Сикорски на членовите на долниот дом на полскиот парламент.
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.
„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Сикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – сајбер напади, поточно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзија и саботажа и масовно ширење дезинформации на Интернет.
„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослабне довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на Интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел е објавено“, рече тој.
Сикорски им порача на сите во Полска кои мислат дека помагањето на Украина не вреди, дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина.
„Шанса да се скршат забите на рускиот империјализам, да се зајакне заедничката одбрана, за интензивна трговска размена, заеднички проекти во одбранбената индустрија за ангажирање на нашите компании. Војната во Украина не е само за независноста на таа земја, туку и за тоа кој ќе биде трет најсилен играч во светот покрај САД и Кина – Русија или Европа“, рече тој.
Апелираше да се воведе таканаречениот воен Шенген во ЕУ, така што евентуалното доаѓање на сојузниците да помогнат да не трае со недели, туку да биде брзо без правни бариери“.

