Свет
Ердоган: Проблемот со САД ќе го решиме до април

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турските и американските официјални лица ќе работат заедно до април в година за решавање на спорот меѓу двете држави за турската набавка на рускиот систем за одбрана „С-400“.
Одговарајќи на новинарско прашање како ќе биде решен проблемот, тој рече дека во тек е процес што ќе биде решен до април, пренесува „Ројтерс“.
„Нашите министри за одбрана и за надворешни работи ќе ги спроведат овие напори. Треба да видиме каде ќе стигнеме со овие напори“, рече Ердоган по враќањето од Катар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Двајца млади луѓе со босанско потекло меѓу убиените во пукањето во училиштето во Грац

Најмалку 10 лица беа убиени, а 12 се ранети во утринското пукање во средното училиште во Грац, Австрија, од кои седум се во критична состојба.
Меѓу загинатите има двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна ученичка со иницијали К.Ј. и девојка по име Х.А., која починала од повредите. Како што неофицијално објави „Кликс“, лекарите се борат за животот на уште едно лице по потекло од Босна и Херцеговина.
Иако Амбасадата на БиХ во Австрија во моментов нема официјални или неофицијални информации за убиени државјани на БиХ, потврдено е дека станува збор за лица кои се по потекло од БиХ, но не и државјани на таа земја.
Информациите за идентитетот на жртвите ги потврдил за „Кликс“ имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.
Нападот го извршил 21-годишен поранешен ученик кој, според австриските медиуми, влегол во училиштето вооружен со пиштол и пушка. Тој испукал десетици куршуми пред да изврши самоубиство во тоалетот на училиштето, каде што го пронашле полицајци кои ја евакуирале зградата.
Пукањето ја шокираше австриската јавност, а истрагата за мотивите за нападот сè уште е во тек.
Европа
Австриски министер: Напаѓачот е поранешен ученик кој никогаш не завршил училиште

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер зборуваше на прес-конференција за масакрот во училиштето во Грац.
„Точно во 10 часот наутро, од училиштето беше упатен повик до полицијата. Се слушаа истрели и вресоци“, рече тој. Тој истакна дека полицијата пристигнала на местото на настанот во рок од неколку минути. Потоа пристигнале членовите на елитната единица Кобра.
„Брзата помош пристигнала неколку минути потоа“, истакна Карнер. Тој потврди дека напаѓачот убил вкупно девет лица, шест од женски и три од машки пол. Нагласи дека напаѓачот е мртов. Изјави дека станува збор за поранешен ученик кој не завршил училиште.
„Сè друго е сè уште шпекулација. Тој беше поранешен ученик, но не завршил училиште“, рече тој.
Шефот на полицијата на Штаерска, каде што се случил нападот, откри некои детали за осомничениот. Тој рече дека имал 21 година и живеел во Грац. Полицијата верува дека се самоубил во тоалетот.
„Повеќе од 300 полицајци излегоа на местото на настанот по пукањето и обезбедија евакуација на училиштето“, рече тој.
Тој, исто така, ги замоли сведоците да не споделуваат слики или видеа на социјалните мрежи. Тој нагласи дека полицијата создала платформа преку која може да се споделуваат информации.
Свет
(Видео) Грета Тунберг го обвини Израел за киднапирање по депортацијата

Грета Тунберг го обвини Израел дека ја киднапирал неа и нејзините пропалестински активистички поддржувачи во меѓународни води, велејќи дека одбила да потпише документ со кој потврдува дека нелегално влегла во земјата пред да биде депортирана, објави Ројтерс.
Зборувајќи во зоната за пристигнувања на парискиот аеродром Шарл де Гол откако беше депортирана од Израел, шведската активистка рече дека таа и нејзиниот тим не прекршиле никакви закони и побара итно ослободување на активистите што сè уште се во Израел.
Greta Thunberg qui vient d’arriver à Paris dénonce une attaque illégale et un kidnapping d’Israël et elle a mille fois raison parce que c’est exactement ce qui s’est passé.#FreedomFlotilla pic.twitter.com/2tXuZPFpNE
— Marcel (@realmarcel1) June 10, 2025
„Бев многу јасна во моето сведочење дека бевме киднапирани во меѓународни води и донесени во Израел против наша волја“, рече таа.
Израелската војска објави неколку видеа и фотографии од Грета Тунберг. Според шведскиот „Афтонбладет“, таа вели дека сè уште не ги видела.
„Веројатно објавиле неколку видеа. Извршено е нелегално дело со тоа што нè киднапираа во меѓународни води и против наша волја“, рече Тунберг.
Израел го нарече бродот „селфи јахта“, а екипажот „познати личности“. Но, Тунберг ги отфрла тврдењата дека станува збор за медиумски трик и вели дека е знак на солидарност. „Нашиот последен брод, со кој се обидовме да отидеме, беше двапати бомбардиран. Постојат многу докази дека Израел стоеше зад тоа. Сега се качивме на помал брод бидејќи тоа беше единствениот што го имавме“, рече таа.