Регион
Ердоган рече „не“ за Голема Албанија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, смета дека идејата за обединување на Албанија, Македонија и Косово во „голема Албанија“ е лоша и неприфатлива за Турција.
Ердоган вели дека неговата земја е поборник за почитувањето на суверенитетот и интегритетот на земјите на Балканот.
„Тоа се лоши работи. Ете, видете што се случува на Блискиот Исток, во Ирак, во Сирија. Не сакаме такви кризи да се случуваат на Балканот. Постојат некои луѓе кои се обидуваат да скројат такви планови за Балканот, но не смееме да им го дозволиме тоа. Ние заговараме почитување на суверенитот и интегритетот и тоа мора да се сфати. Затоа такви игри не смеат да се играат во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Србија“, вели Ердоган во интервју за албанската мрежа „Топ Ченл“.
Турскиот претседател порача дека сите овие земји треба да го продолжат својот пат кон кој тргнале.
Тој додава дека различностите во секоја земја или општество мора да се препознаат и да се искористат како богатство и истакнал дека таквото сфаќање може да им помогне на Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и на другите земји кои имаат такво богатство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.