Свет
Ердоган нагостил делегација на Хамас во која имало баран терорист

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, викендов во Анкара беше домаќин на голема делегација од лидерите на Хамас, вклучувајќи и на баран терорист, пренесува „Брејтбарт“.
Делегацијата го вклучувала заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, баран терорист за чие апсење се нудат 5 милиони американски долари. Ал-Арури е поврзан со неколку терористички напади против Израелците вклучувајќи ги и киднапирањето и убиството на тројца израелски тинејџери на Западниот Брег во 2014 година, што тој го пофали како херојска операција.
На состанокот присуствувале и прекуокеанскиот лидер на Хамас, Махер Салах, Еззт ал-Рихик и претставникот на Хамас во Турција, Џихад Јагмор. Делегацијата се сретнала со турскиот премиер на разговори за американскиот договор за нормализација меѓу Израел и ОАЕ, на кој и двете страни длабоко се спротивставуваат.
Erdogan meet with Hamas leadership in Istanbul today.
Second from Erdogan’s right is Saleh al-Arouri, Hamas deputy leader. US has designated him a senior terrorist and has a $5m bounty on his head but Erdogan hosts him openly. pic.twitter.com/3JUzmsLXCL
— Raf Sanchez (@rafsanchez) August 22, 2020
Хамас и турската владејачка партија имаат корени во Муслиманското братство. Ердоган во минатото ги обвини САД за соработка со терористите во Сирија поради американската поддршка за курдските борци што се борат против ИСИС.
Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, му честита на Ердоган откривање на новото поле со природен гас и за повторното отворање на „Аја Софија“ како џамија. „Аја Софија“ е една од двете антички цркви што Турција неодамна повторно ги претвори во џамии предизвикувајќи бура од полемики.
Хамас исто така рече дека работи против јудаизацијата на Ерусалим од страна на Израел.
Според британскиот „Телеграф“, Турција им даде државјанство на високи оперативци на терористичката ќелија на Хама, но и дека Хамас заговара терористички напади од турска почва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп излезе на кровот на Белата куќа и се довикуваше со новинарите

Вчерашниот ден на американскиот претседател Доналд Трамп започна прилично типично, со телевизиско интервју и разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓутоа, Трамп потоа направи нешто неочекувано. Се појави на кровот од западното крило на Белата куќа.
Трамп излезе преку врата поврзана со трпезаријата и застана на кровот над просторијата за новинари. Помина речиси 20 минути набљудувајќи го кровот и околината под него, вклучувајќи ги и ново поставените плочи.
Новинарите му довикуваа од долу. Еден од нив го праша: „Господине, зошто сте на кровот?“
„Малку шетам. Добро е за здравјето“, одговори Трамп.
Spotted: President Trump atop the White House.
Q: "Sir, why are you are on the roof?"
Q: "Mr. President, what are you doing up there?" pic.twitter.com/MQlA6TUnEb
— CSPAN (@cspan) August 5, 2025
Во друштво на Трамп беше и Џејмс Меккри, архитект на новопланираниот проект за танцовата сала вредна 200 милиони долари. Тие се движеа бавно, а Трамп често гестикулираше и покажуваше кон кровот и околината.
Во еден момент довикна дека бара уште еден начин да ги потроши своите пари за оваа земја. Новинарите подоцна го прашаа што планира да гради, а тој се пошегува: „Нуклеарни проектили.“
Трамп значително го преуреди Овалниот кабинет додавајќи златни украси, претседателски портрети и други предмети, а постави и масивни столбови за знамиња на северниот и јужниот тревник.
Минатата недела, неговата администрација најави дека изградбата на огромната танцова сала ќе почне во септември. Проектот треба да биде готов пред крајот на трамповиот мандат во почетокот на 2029 година.
Иако ретко, во текот на годините имало моменти кога претседателите се осмелиле да излезат на кровот на Белата куќа, па дури и да спијат таму. Во 1910 година, претседателот Вилијам Ховард Тафт побарал да се изгради објект за спиење на кровот за да избега од топлите летни ноќи во Вашингтон.
За промовирање на обновливите извори на енергија, претседателот Џими Картер во 1970-тите поставил 32 соларни панели на кровот на Западното крило. Панелите биле отстранети за време на администрацијата на Реган.
Свет
Трамп: Постигнат е голем напредок со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, на средбата со рускиот претседател Владимир Путин постигнал значаен напредок, и најави дека во наредните денови и недели ќе се работи на завршување на конфликтот во Украина.
„Виткоф, штотуку имаше многу продуктивна средба со претседателот на Русија, Владимир Путин. Постигнат е голем напредок! Потоа ги известив некои од нашите европски сојузници. Сите се согласуваме дека оваа војна мора да заврши и ќе работиме на тоа во деновите и неделите што доаѓаат. Ви благодарам на вниманието“, напиша Трамп.
Иако и официјален претставник на Белата куќа, цитиран од Ројтерс, потврдил дека средбата поминала добро и дека Русите се заинтересирани да ја продолжат соработката со САД, сепак се очекува во петок да стапат во сила секундарните санкции.
Во меѓувреме, Трамп и украинскиот претседател Зеленски, наводно, го завршиле својот телефонски разговор.
Виткоф, денес ја оствари својата петта посета на Русија оваа година, при што утрово се сретна со директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, а потоа беше примен и во Кремљ од претседателот Путин.
Регион
„Многу е подобар“ – Вучиќ зборуваше за здравствената состојба на министерот кој доби удар во емисија во живо

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за ТВ Прва изјави дека министерот Дарко Глишиќ е подобро.
„Многу е подобро отколку пред ден и пол. Тој зборува, иако сè уште не е тоа целосно нормално, но е прекрасно што зборува и ги движи десната рака и нога, што се големи промени. Добро е што можеше да каже од кога се чувствувал лошо и како дошло до тоа. На скенер се виде дека дошло до кинење на вратната артерија, која предизвикала хематом во мозокот, додека не се згрутчи и не доведе до мозочен удар. За среќа, ударот се случи во студио, блиску до болницата“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека е во постојан контакт со семејството на Глишиќ, особено со неговиот син Лука, и додаде дека семејството било многу исплашено.
Говорејќи за реакциите на опозицијата на здравствената состојба на министерот, Вучиќ рече дека тие немаат елементарно воспитување, а сепак сакаат да ја водат државата.
„Некои се радуваа кога беше убиен Зоран Ѓинѓиќ, но јас тоа не го правев. Доколку тоа ми се случеше мене, ни тоа немаше да им биде доволно – би сакале да умрам во уште пострашни маки. Кога умре Милошевиќ, лудаците славеа. Но, се гледа дека ништо не се сменило. Тоа е нешто полошо од тоа некој да не е добар човек – проблемот е што тие луѓе немаат елементарна пристојност. Не мора секого да жалите, но е ред барем да молчите и да изразите сочувство кога некој ќе умре, или да посакате побрзо закрепнување кога некој е болен“, изјави претседателот.
Вучиќ додаде дека е навикнат на такви коментари, но дека на семејството на Глишиќ не му било лесно да ги слуша и чита тие зборови.