Свет
Ердоган: Целиот свет би можел да ја плати цената за Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека офанзива на сириската влада во регионот на Идлиб би можела да предизвика хуманитарни и безбедносни ризици во Турција, Европа и пошироко. Ердоган за „Волстрит џурнал“ порачува дека целиот свет би можел да ја плати цената ако меѓународната заедница не преземе акција да го спречи тоа.
Според него, Русија и Иран се исто така одговорни за спречување хуманитарна катастрофа во Идлиб, објави „Ројтерс“.
Русија побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за резултатите на најновиот состанок на лидерите на трите земји гаранти на примирјето во Сирија – рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјавил портпаролот на руската мисија во ОН, пренесе „Тас“.
Путин, Ердоган и Рохани во петокот во Техеран го одржаа третиот состанок посветен на решевањето на сириската криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск: Канада не е вистинска земја

Повеќе од 250.000 канадски граѓани и жители потпишаа петиција со која ја повикуваат Канада да му го одземе канадското државјанство на Елон Маск.
Поврзаноста на Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира да воведе царина од 25 отсто за сите канадски увозни производи следниот месец и зборуваше за Канада како 51-ва американска држава, е „против националниот интерес на Канада“, тврдат подносителите на петицијата.
Технолошкиот милијардер, државјанин на Јужна Африка, Канада и САД, стана еден од највидливите сојузници на Трамп откако минатиот месец 47-миот претседател го започна својот втор мандат.
„Тој го искористи своето богатство и моќ за да влијае на нашите избори. Сега тој стана член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“, велат подносителите на петицијата.
Како одговор на веста за петицијата, Маск на својата социјална мрежа Х напиша дека „Канада не е вистинска земја“.
Правен експерт објасни за Си-Ен-Ен дека канадската влада не може да му го одземе легално стекнатото државјанство на Маск, но авторот на петицијата вели дека петицијата треба да се сфати како „повик за одговорност“.
Маск, кој е роден во Јужна Африка, претходно изјави дека добил канадски пасош како тинејџер преку неговата мајка, Маја Маск, која е родена во Канада. Милијардерот подоцна доби американско државјанство една деценија по пристигнувањето во САД со студентска виза.
Електронската парламентарна петиција бара првична поддршка од најмалку пет Канаѓани, овластување од член на парламентот и првично разгледување пред да може да започне со собирање потписи, според канадскиот дом на општините.
Петицијата за одземање на државјанството на Маск е отворена до 20 јуни 2025 година, по што службеникот за петиција ќе треба да потврди дали најмалку 500 нејзини потписи се легитимни. Оттогаш, петицијата мора да почека до отворањето на новата седница на парламентот пред да биде поднесена на расправа до Долниот дом.
Честото изразување на Трамп за неговата желба да ја направи Канада „51-та држава“ отиде дотаму што на социјалните мрежи го исмева Трудо како „гувернер“ на Канада. На почетокот на февруари, Трудо ги предупреди клучните фигури во приватниот сектор дека заканата на Трамп за анексија на Канада е „вистинска работа“, според двајца бизнис лидери кои ги слушнале забелешките на премиерот.
Свет
(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена е вонредна состојба со полициски час во погодените подрачја, каде се распоредени војници.
Третиот ден од фестивалот Виња дел Мар, најголемиот музички настан во Латинска Америка, е откажан. Болниците и затворите ширум државата работат на генератори за итни случаи, а сообраќајот е во застој.
Massive traffic jams from Chile electricity blackouts #SinLuz #CorteDeLuz @CNNChile pic.twitter.com/sLGr6rPC72
— Unequal Scenes (@UnequalScenes) February 25, 2025
Претседателот Габриел Бориќ ѝ се обрати на нацијата на телевизија, велејќи дека осум милиони домаќинства се погодени, но дека електричната енергија е вратена на околу половина од нив. „Она што се случи денеска е срамота“, рече тој. „Не е прифатливо една или неколку компании да влијаат на секојдневниот живот на милиони Чилеанци и затоа е должност на државата да ги повика на одговорност“.
Earlier today, an Italian social media creator was doing a live broadcast in Santiago, Chile when the electricity went out throughout the city.
A state of emergency and curfew were issued due to the countrywide blackout. pic.twitter.com/Baist5gCex
— Brian’s Breaking News and Intel (@intelFromBrian) February 26, 2025
Националната служба за спречување и одговор при катастрофи претходно објави дека прекинот на електричната енергија ги зафатил регионите Арика и Паринакота на север сè до Лос Лагос на југ.
Ројтерс објави дека најголемиот рудник за бакар во светот, Ескондида, останал без струја, повикувајќи се на извор близок до тоа прашање.
BIG BREAKING
A Massive widespread Power outage has hit #Chile.
Leaving over 19 million people without electricity and distributing essential services. pic.twitter.com/zP0VQ4vZR2
— 𝗡𝗢𝗜𝗦𝗘 𝗔𝗟𝗘𝗥𝗧𝗦 (@NoiseAlerts) February 25, 2025
Снимките од градот покажуваат како патници се евакуираат од станиците, додека семафорите исто така се исклучени. Се формираа долги редици за автобусите кои сè уште сообраќаат по градските улици.
Ante el corte de suministro eléctrico que se registra entre las regiones de Arica y Parinacota y Los Lagos, he convocado a una reunión inmediata de #Cogrid Nacional, donde adoptaremos medidas para enfrentar la emergencia y trabajar en la reposición del servicio.
— Carolina Tohá (@Carolina_Toha) February 25, 2025
Чилеанската министерка за внатрешни работи Каролина Тоха објави на Икс дека ќе се свика состанок за да се разговара за понатамошни мерки за обновување на услугите.
Свет
Трамп објави видео со вештачка интелигенција „Трамп Газа“

Доналд Трамп објави видео генерирана од вештачка интелигенција на неговиот профил на социјалните мрежи Truth Social.
Видеото со вештачка интелигенција што го објави без коментар го визуелизира пејзажот на моментално разорената од војна Газа во модерен и трансформиран град на морето, полн со хотели, луѓе и облакодери.
Ова следи по неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците од Газа во соседните арапски земји за да се изврши масовна реконструкција на уништената земја.
Мотивот на постојана забава и пари се провлекува низ видеото откако прво е прикажан уништениот град. „Газа 2025, што е следно?“ е напишано на почетокот на видеото пред генерираниот од вештачка интелигенција Илон Маск да почне да фрла по луѓето со банкноти од американски долари.
Тука е и џиновската златна статуа на Доналд Трамп, поставена на средина на вештачки создадена Газа, но и американскиот претседател кој танцува со стомачна танчерка, а Илон Маск јаде. Во еден момент и Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се појавија во нивните костими за капење на лежалка со пива во рака пред хотелот.