Свет
Ерис, нов вид на коронавирусот регистриран во 36 земји

Новата варијанта на коронавирусот (SARS-CoV-2) позната како EG.5.1 се шири во светот, соопштија здравствените експерти.
Заклучно со 24 јули, 2.442 секвенции на EG.5.1 биле откриени во 36 земји во светот, вклучително и најмалку 18 случаи во Израел, според податоците од Outbreak.info, страница што ги собира податоците за SARS-CoV-2.
Видот стана поприсутен во Обединетото Кралство бидејќи продолжуваат да растат хоспитализациите на Ковид-19, соопштија британските здравствени власти во четвртокот. На социјалните мрежи вирусолозите ја нарекоа варијантата ерис.
Според Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), следењето на варијантата EG.5.1 почна на почетокот на јули поради зголемените извештаи на меѓународно ниво, особено во Азија. Видот првпат беше откриен во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп размислува за универзални царини, на советниците им велел: Бидете уште поостри

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите советници да заземат построг став за царините додека администрацијата се подготвува за голем пресврт во глобалната трговска војна, објави Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.
И покрај повиците од сојузниците на Волстрит и на Капитол Хил да му пристапат на прашањето поинаку, Трамп инсистира на сеопфатни трговски мерки со кои сака да ја преобликува американската економија, според Вашингтон пост.
Според истиот извор, Трамп постојано им нагласувал на своите советници дека сака да продолжи да ги заострува трговските мерки, а неодамна ја оживеал идејата за универзална тарифа која би важела за повеќето увозни производи, без оглед на земјата на потекло.
Според „Вашингтон пост“, Трамп изразил жалење што не вовел пообемни царини за време на неговиот прв мандат и ги обвинил своите советници кои го убедиле да се откаже од планот. Сепак, не е сосема јасно колку сериозно се разгледува идејата за универзална царина.
Претседателот Трамп е убеден дека царините имаат корист за САД со тоа што ќе ги вратат работните места во производството и ќе ги зголемат владините приходи за милијарди долари, пишува Вашингтон пост. Во петокот, Трамп рече дека е подготвен да склучи договори со земји кои сакаат да ги избегнат американските тарифи, но дека таквите договори ќе бидат можни само откако неговата администрација ќе објави реципрочни мерки на 2 април.
Свет
(Видео) Земјотресот во Мјанмар ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен.
Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци.
„Моќта ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс.
MASSIVE ground rupture/crack has appeared in Myittha, Mandalay Region, following the powerful M7.7 earthquake in Myanmar 😱👀 pic.twitter.com/vFlPet0XPH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 28, 2025
Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска плоча сè уште се спушта под евроазиската плоча во областа Мјанмар.
Феникс додаде дека размерите на уништувањето дополнително ќе се влошат со граѓанската војна во земјата.
Во земјотресот загинаа над 1.000 луѓе.
Регион
Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.
Авионот морал да се врати поради технички проблеми.
„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.
Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.
За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.
Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.