Свет
Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Ајкан Хаџизада соопшти дека Ерменија се согласила да му врати на Азербејџан четири села кои се наоѓаат на нивната заедничка граница.
„Како резултат на осмиот состанок на државните комисии за демаркација на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија, Ерменија се согласи да врати четири села во Азербејџан кои беа под окупација од почетокот на 1990-тите“, рече Хаџизада на социјалната мрежа Х.
Азербејџанските власти претходно изјавија дека враќањето на селото е неопходен услов за мировен договор што ќе стави крај на тридеценискиот конфликт меѓу двете земји, кои беа дел од Советскиот Сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Драма на небото над Москва: аеродромите затворени, светските лидери не може да слетаат, Украина изврши напад

Украинската армија ја нападна Москва со беспилотни летала и поради ова, повеќето аеродроми во главниот град на Русија беа затворени непосредно пред доаѓањето на Шји Џјинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува „Ројтерс“.
Huge queue of planes at St. Petersburg’s Pulkovo Airport after dozens of flights were rerouted from Moscow following drone attacks. With no ground equipment to handle the surge, aircraft are stuck waiting for hours—turning the runways into a traffic jam. pic.twitter.com/SH2feDreJJ
— Brian McDonald (@27khv) May 7, 2025
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дрона помеѓу вторникот и средата наутро.
UAV drones launched by Ukraine against the Muscovites has paralyzed russian airports in the bordering regions. Over 200 flights cancelled. Moscow airport is closed. St Petersburg’s Pulkovo airport is packed with aircraft that can’t take off. Enjoy the sirens orcs! pic.twitter.com/rY32qTvhou
— 🇺🇸 Angel Martinez 🇵🇷 (@AngelMartmma24) May 7, 2025
Клучните московски аеродроми останаа без работа во поголемиот дел од ноќта, а рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ соопшти дека го менува распоредот на летови за да се справи со прекините, пренесува медиумот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исто така замина во најавена посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствата на борбените средства во воздушниот простор.
Свет
Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана, со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар Фридрих Мерк.
„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз, на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави Ројтерс.
Германскиот канцелар, исто така, рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да можат да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.
Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.
Како што е најавено, Мерц по Франција ќе ја посети Полска, а наскоро е планирана и посета на Украина.
Регион
Авионот на Вучиќ приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден

Авионот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, со кој утрово во 11 часот полета за Москва, е приземјен во Баку и во моментот не може да го продолжи своето патување бидејќи нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.
Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не може да ја дадат поради воените операции, јавува репортер на „Танјуг“. Се чека одобрение за продолжување на летот.
Аеродромите во Москва исто така моментно се затворени.
Украина ја нападна Москва со беспилотни летала принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Шји Џјинпинг требаше да пристигне за да ја прослави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во изминатите неколку дена аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
За потсетување, претходно беше закажано српскиот претседател да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин в петок, што беше објавено и од Кремљ.
Според „Спутник“, не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за руската престолнина.
На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и со низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.