Свет
Еспер: САД имаат одговорност на водечка сила и нема да попуштат ниту милиметар
САД имаат одговорност на водечка сила на Пацификот и нема да им попуштат ниту милиметар на други земји што веруваат дека имаат подобар политички систем, изјави американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, на Хаваите.
Еспер изрази надеж дека ќе успее да ја убеди Кина да ги почитува меѓународните норми иако официјален Пекинг продолжува со агресивната модернизација на своите вооружени сили, пренесе „Ројтерс“.
Кина не ги исполни своите ветувања за исполнување на меѓународните закони, правила и норми и ја продолжува својата политика за проширување на кинеската моќ во светот, оцени Еспер.
„За брзо реализирање на плановите на КП на Народна Република Кина, кинеската армија продолжува да спроведува агресивна воена модернизација во желбата да стане глобална воена моќ до средината на овој век“, рече Еспер.
Тој изрази надеж дека соработката со Пекинг ќе биде продолжена со цел враќање на Кина на вистинскиот пат и усогласување со меѓународниот поредок.
„Обврска на Америка е да биде глобален лидер. Веќе подолго време сме пацифичка, поточно индо-пацифичка земја“, заклучи Еспер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.