Европа
Естонската премиерка: Итно треба да развиеме европска одбрана и лидер што ќе го направи тоа
Естонската премиерка Каја Калас ја поддржа идејата за именување европски комесар посветен на одбранбената индустрија бидејќи Европската Унија се обидува да стане посилен играч во областа.
Во интервју за „Ројтерс“, Калас рече дека има итна потреба да се развие европската одбранбена индустрија.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поттикна дебатата кога вети дека комисијата ќе има комесар за одбрана доколку добие втор мандат подоцна оваа година.
Идејата покажува како одбраната стана важно прашање на европската политичка агенда. Лидерите на ЕУ ветија дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана и производството на оружје поради стравувањата од руската инвазија на Украина и идните безбедносни обврски на САД кон Европа.
Некои политичари и дипломати сметаат дека идејата на Фон дер Лајен е знак дека Европа станува посериозна во однос на одбраната. Други тврдат дека одбранбената политика е домен на членките на ЕУ и дека предлогот ризикува опасно удвојување со НАТО.
Калас рече дека таквата позиција би имала смисла доколку портфолиото е фокусирано на индустријата.
„Ако идејата е за одбранбената индустрија и нејзиниот понатамошен развој, тогаш има итна потреба и тогаш би можеле да имаме лидер што се занимава само со тоа прашање“, рече таа во средата во Брисел по пристигнувањето на самитот на ЕУ.
„Не сакаме да ги замаглиме границите меѓу НАТО и Европската Унија“, додаде таа.
„Во однос на воената криза, важно е кој кому наредува, како навистина функционира синџирот на команда. Тоа е НАТО, воено. Но, зајакнувањето на одбранбената индустрија – Европската Унија и овде има што да каже“, рече Калас.
Калас предложи заедничко задолжување на ЕУ за финансирање поголеми инвестиции во одбраната, предлог поддржан од францускиот претседател, Емануел Макрон. Сепак, фискално претпазливите земји, како Германија, Австрија и Шведска, се скептични.
Калас смета дека ваквото задолжување е итно потребно, дури и ако земјите преземат други мерки за зголемување на трошоците за одбрана на среден и долг рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.
Европа
(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална
71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на социјалните мрежи.
Снимката покажува како хокеар со број 68 случајно го удира Лукашенко, кој го носеше дресот со број 01, во грбот. По судирот, Лукашенко ја изгуби рамнотежата и падна на мразот, удирајќи ја главата на лизгалиштето.
Во тимот на Лукашенко, дресот со број 68 го носеше Јарослав Чуприс, поранешен играч на белоруската репрезентација. По падот, натпреварот беше накратко прекинат, а Чуприс побрза да му помогне на Лукашенко да стане. Неколку играчи од тимот, исто така, дојдоа до него.
Lukashenko spectacular fall on the ice — like a sack of potatoes 🤣
The ageing hockey player lost his balance, dropped his stick, fell on his back and managed to get up only with the help of another player — who had a unique chance to give Belarusians a perfect New Year’s gift. pic.twitter.com/d9oeuZdseA
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
„Типична работна ситуација: мора да ги зајакнете сопствените редови за другите да размислат двапати. Сè е во ред. Се чувствувам добро, освен истегнатиот мускул на грбот. Се подготвувам за следниот натпревар“, рече Лукашенко по натпреварот.
Канцеларијата за односи со јавноста на Лукашенко објави дека натпреварот завршил нерешено 5-5 и дека синот на Лукашенко, Николај, го израмнил резултатот со гол триесет секунди пред крајот.

