Европа
ЕУ забранува микропластика во козметиката
Светките во козметиката и разните сјајови треба да заминат во историјата по одлуката на Европската комисија да ја ограничи употребата на микропластика што намерно им се додава на производите поради што трговците на козметика подготвуваат промотивна продажба на такви производи.
На 25 септември ЕК усвои мерка, која, во согласност со законодавството на ЕУ за хемикалии (регулатива REACH), ја ограничува микропластиката што намерно им се додава на производите. Оваа мерка не се однесува само на козметичката индустрија, туку има и пошироки импликации.
Но, во следните 20-ина дена новото правило ќе биде најзабележливо токму во трговијата со козметика.
Новите мерки имаат цел да спречат ослободување на речиси половина милион тони микропластика во животната средина. Ќе биде забранета продажба на самата микропластика и производи на кои намерно им се додава, а исто така и се испушта од нив при употреба. За оправдани случаи се применуваат отстапувања и преодни периоди за да може субјектите на кои важат новите правила да се приспосбат.
Се применува широка дефиниција за микропластика – ги вклучува сите честички од синтетички полимери, кои се со големина помала од пет милиметри, а се нерастворливи и отпорни на распаѓање. Целта е да се намалат емисиите на намерно додадена микропластика од што е можно повеќе производи.
Некои од многуте вообичаени производи опфатени со ограничувањето се грануларни материјали за полнење, што се користат во вештачки спортски површини, козметички производи во кои микропластиката се користи за разни намени, детергенти, омекнувачи, сјај, ѓубрива, производи за заштита на растенијата, играчки, лекови и медицински производи.
Првите мерки, како забраната за сјајот и микромонистите, ќе почнат да важат со стапување во сила на ограничувањето за 20 дена. Во други случаи забраната за продажба ќе се применува по подолг период за да им се даде доволно време на засегнатите страни да развијат алтернативи.
Отстапувањата од забраната за продажба се однесуваат на производите што се користат во индустриски локации или кои не испуштаат микропластика, но нивните производители ќе мора да дадат упатства за правилна употреба и отстранување на овие производи за да се спречи ослободување микропластика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет
Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата во неделата, во напад за кој претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија.
„Прелиминарно е утврдено дека биле детонирани импровизирани експлозивни направи“, објави полицијата на Телеграм.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садови, го опиша инцидентот на Телеграм како терористички чин и рече дека 23-годишна полицајка е убиена. Дванаесет лица остануваат во болница, од кои две се во сериозна состојба, рече тој.
A 23-year-old policewoman died as a result of the explosion. 😪
Victoria Shpylka was from Volyn, and later moved to Kherson with her parents.
She graduated from the Lviv State University of Internal Affairs and worked in the ranks of the patrol police, first in Kherson region,… pic.twitter.com/XZnWrcUkDK
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) February 22, 2026
Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека една жена е приведена како дел од истрагата.
Зеленски: Напаѓачите се регрутирани преку интернет
Полицијата соопшти дека првата експлозија се случила кога патрола пристигнала на местото на провала во продавница, додека втората експлозија се случила кратко време подоцна.

Damage at the site of a double explosion in downtown Lviv, western Ukraine, 22 February 2026. According to the National Police, a 23-year-old policewoman was killed and at least 24 others were injured when two homemade explosive devices detonated in what authorities have officially labeled a ‘terrorist attack.’ EPA/MYKOLA TYS
Во видео обраќање доцна во ноќта, Зеленски ја обвини Русија дека стои зад нападите и рече дека напаѓачите биле регрутирани преку интернет. Украинското разузнавање верува дека Русија „ќе продолжи да извршува вакви напади, сериозни напади врз Украинците. Мора да ги заштитиме луѓето“, рече Зеленски.
Четвртата годишнина од почетокот на инвазијата на Украина се одбележува оваа недела.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

