Свет
ЕУ и ОН со реакции на блискоисточниот мировен план на Трамп

Европската Унија соопшти дека останува определена за „договореното и одржливо решение за две држави на Блискиот Исток“, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп го претстави неговиот блискоисточен мировен план. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, најави дека ЕУ сака да ги проучи и процени предложените решенија. Притоа, според него, треба да се земат предвид легитимните стремежи на Палестинците и Израелците со почитување на сите резолуции на ОН и меѓународните спогодби.
Обединетите Нации соопштија дека се држат до нивните соодветни резолуции за формирање две држави кои живеат една покрај друга.
Претходно палестинскиот претседател Махмуд Абас го отфрли планот со кој се предвидува создавање палестинска држава на делови на Западниот Брег, но му се дозволува на Израел да ги задржи сите еврејски населби на таа окупирана територија. Исто така се дозволува формирање главен град на Палестина во предградието на источен Ерусалим, но поголемиот дел од тој град ќе остане под контрола на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.