Европа
ЕУ на 23 декември ќе донесе конечна одлука за вакцината на „Фајзер“

Европската комисија ѝ соопшти на германската влада дека 23 декември е крајниот рок за одлука за одобрување на вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“, откри денеска владин извор.
За да се дозволи вакцинација во 27 земји членки на Европската Унија потребно е одобрување од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА).
„Европската комисија ѝ потврди на германската влада дека 23 декември е новиот датум на одлука“, открил изворот.
Директорката на ЕМА, Емер Кук, во понеделникот објави дека одлуката за вакцината може да пристигне и пред 29 декември.
„Работиме нон стоп на одобрување на првата вакцина против Ковид-19“, изјави Кук пред новинарите, но додаде дека роковите постојано одново ќе се проценуваат.
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, повика на забрзување на процесот. Велика Британија прва ја одобри вакцината изработена од фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ и веќе им ја дава на своите жители, а САД вчера ја започнаа својата програма за вакцинација со истата оваа вакцина.
За разлика од САД и Велика Британија, Европската Унија не издава одобренија за итни случаи за вакцинација, што значи дека постапката мора да се спроведе според вообичаената процедура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските земји значително да ги зголемат годишните воени трошоци на повеќе од 3 отсто од БДП. Оваа порака тој ја испрати по итниот состанок за Украина, кој се одржа во Лондон.
Додека балтичките земји веќе некое време бараат воените инвестиции да се зголемат на најмалку 3 отсто од БДП, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара до 5 отсто, Макрон сега првпат конкретно изјави колку Европа треба да одвои според него.
„Русите трошат 10 отсто од својот БДП за одбрана во последните три години. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа, а нашата цел треба да биде меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП“, рече Макрон во интервју за францускиот весник „Фигаро“. Франција моментно троши 2,1 отсто од својот БДП за одбрана, што е нешто над целта на НАТО од 2 отсто, која Париз ја постигна дури минатата година.
Европа, пак, се обидува да договори заеднички одговор на новата американска политика кон Украина. Вашингтон сè повеќе ѝ врти грб на Европа и бара договор со Русија, а стравувајќи за иднината на НАТО, европските земји сакаат да ги зајакнат сопствените воени капацитети и да покажат подготвеност да ги споделат трошоците во алијансата за да ја задржат американската поддршка.
Европскиот совет в четврток одржува специјален самит за одбраната и Украина, а лидерите се очекува да разговараат за начините за финансирање поголеми воени инвестиции.
Европа
Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Да потсетиме, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.
„Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната“, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук. Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Европа
Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руска Звезда. Шефот на руската дипломатија смета дека украинскиот претседател станал таква личност за шест месеци.
Лавров рече дека Зеленски бил претворен во „нацист“ од неговите европски сојузници. Како што тврди, тие прво го доведоа Петро Порошенко на власт, а потоа и Зеленски. Актуелниот украински лидер, според министерот, дошол на власт со пароли за мир и барања „да се остави на мир рускиот јазик“. Потоа, за само шест месеци, тој беше „поттикнат“ да направи пресврт од 180 степени.
„Зеленски се претвори во чист нацист и, како што со право рече рускиот претседател Владимир Путин, предавник на еврејскиот народ“, рече Лавров.
Тој додаде дека Европа сака борбите да продолжат. Со своите предлози за распоредување мировни сили на украинска територија, земјите сакаат да го „поддржат“ Зеленски, истакна шефот на Министерството за надворешни работи на Русија.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Зеленски е неизбран диктатор. Тој го обвини политичарот и за исчезнување на американските пари што Вашингтон му ги додели на Киев.