Свет
ЕУ: Нови санкции кон Русија само по истрагата за случајот Навални
ЕУ соопшти дека блокот може да воведе нови санкции кон Русија само откако истрагата ќе открие кој е одговорен за тоа што Германија го нарекува намерно труење со нервен гас на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
Лидерите на Европската унија не штедеа на зборови во осудата на сомнителното труење на Навални, додека растат повиците за казнување на Русија за користење нервен гас во советски стил, истата супстанца што Велика Британија ја употреби против двојниот агент на Русија во британскиот напад во 2018 година.
Лидерот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го нарече „тажен и кукавички чин“, а германската канцеларка Ангела Меркел рече дека тоа е „вознемирувачко“.
Портпаролот на ЕК, Питер Стано изјави дека не е спроведена истрага за случајот Навални и дека Русија треба да спроведе независна истрага за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата и дека блокот ќе реагира врз основа на следните чекори на Москва.
Меркел се соочува со притисок да го преиспита договорот за гасоводот Северен поток 2 во врска со случајот Навални, додека Кремељ ги отфрли обвинувањата дека Русија е одговорна и соопшти дека не гледа основа за санкции кон Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

