Свет
ЕУ одобри зголемување на фондот за оружје за Украина за уште 3,5 милијарди евра

Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе одобрат зголемување од 3,5 милијарди евра на фондот за воена помош што се користи за финансирање на оружје и муниција за Украина, соопштија властите во петокот.
На состанокот во Луксембург во понеделник, министрите се очекува да ја зголемат финансиската граница за Европскиот мировен фонд (ЕПФ), кој веќе одвои околу 5,6 милијарди евра воена помош за Украина, објави Ројтерс.
Сепак, според официјални лица, Унгарија продолжува да ја блокира распределбата на уште една транша од 500 милиони евра од фондот за Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Хутите најавија нови напади врз израелските аеродроми, вчера беа повредени три лица

Јеменските Хути ги повикаа сите меѓународни авиокомпании да ги „земат предвид“ нивните планови за напад врз израелските аеродроми.
Имено, синоќа тие објавија дека работат на воведување „сеопфатна воздушна блокада“ на Израел со постојано таргетирање на израелските аеродроми.
بيان القوات المسلحة اليمنية بشأن إعلان فرض الحصار الجوي الشامل على الاحتلال الإسرائيلي رداً على تصعيده الأخير بقرار توسيع العمليات العدوانية على #غزة.#الميادين#اليمن pic.twitter.com/N00GMm01bF
— قناة الميادين (@AlMayadeenNews) May 4, 2025
За потсетување, три лица беа полесно повредени вчера наутро, откако проектил испукан од групата падна во близина на Терминал 3 на аеродромот Бен Гурион.
Израелски воени извори за „Ерусалим пост“ изјавија дека ракетата не била пресретната поради техничка грешка во одбранбениот систем.
Портпаролот на војската на Хутите, бригаден генерал Џахџа Сари, објави на Телеграм дека нападот е извршен како одговор на одлуката на Израел да ги прошири воените операции против Хамас во Појасот Газа. Одлуката ја донесе израелскиот кабинет за безбедност во петокот вечерта, а неколку резервни бригади на израелската армија ќе бидат мобилизирани како дел од проширувањето на операцијата.
Свет
Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на сите филмови произведени надвор од САД и увезени на американскиот пазар.
„Филмската индустрија во Америка многу брзо умира. Други земји нудат секакви стимулации за да ги привлечат нашите филмски работници и студија надвор од Соединетите Американски Држави. Холивуд и многу други делови од САД се уништени. Ова е организиран напад од други земји и затоа претставува закана за националната безбедност. Покрај сè друго, станува збор и за пораки и пропаганда!“
Затоа ги овластувам Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД веднаш да го започнат процесот на воведување 100-процентни царини на сите филмови продуцирани во странство што влегуваат во нашата земја.
Сакаме филмовите повторно да се снимаат во Америка!“ напиша Трамп.
Регион
Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија.
Вучиќ се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.“
„Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.