Европа
ЕУ: Од март до ноември 450.000 смртни случаи повеќе отколку во периодот меѓу 2016 и 2019 година
Земјите од Европската Унија забележале повеќе од 450.000 смртни случаи во периодот од март до ноември минатата година отколку во истиот период помеѓу 2016 и 2019 година, покажуваат најновите податоци на статистичката агенција „Евростат“.
Експертите користеле месечни податоци од земјите на ЕУ за да споредат повисока смртност во 2020 година со просекот во истиот период од 2016 до 2019 година.
Статистичката агенција „Евростат“ објави дека податоците даваат општа слика за смртноста под влијание на пандемијата на Ковид-19 бидејќи тие ги вклучуваат сите смртни случаи, без оглед на причината.
Тие го донеле проценетиот просек во ЕУ користејќи податоци од сите земји, освен од Ирска, од каде што не ги добиле.
Прекумерниот број смртни случаи достигна врв во ноември кога беше 40 проценти повисок од просекот од претходните години.
Тој врв во ноември следуваше по многу понискиот регистриран во април за време на првиот бран на пандемијата кога смртните случаи беа околу 25 проценти повисоки од просечните.
Врвот во ноември беше особено смртоносен во Бугарија, Полска и во Словенија, каде што зголемувањето беше повеќе од 90 %.
Зголемувањето на смртните случаи во Белгија тој месец е речиси 60 проценти, а во Италија и Германија 50 проценти. Во истиот месец Хрватска забележа 46,3 проценти поголема смртност, покажуваат податоците на „Евростат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

