Свет
ЕУ почна со укинување на ограничувањето на патувањето за трети земји
Европската Унија и официјално почна со укинување на патните ограничувања на надворешните граници за жителите на трети земји, се вели во соопштението за печатот објавено од Советот на Европската Унија по напната двонеделна дискусија, пренесува ТАСС.
Списокот засега вклучува само 14 држави за кои е постигнат компромис помеѓу членките. Русија и САД не се на списокот на безбедни држави – тие сè уште не ги исполнуваат епидемиолошките критериуми.
Граѓаните на Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Црна Гора, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај ќе бидат првите што ќе можат да планираат кратки патувања во Европа. Ова се однесува на продолжување на издавањето на стандардни краткорочни туристички Шенген визи или обезбедување на деловни визи.
Кина е исто така на списокот, но сепак е предмет на потврда за реципроцитет. Тоа значи дека кинеските граѓани ќе можат да патуваат во Европа дури откако кинеската влада ќе се согласи да ги отвори границите на Кина за Европејците.
Според документот, критериумите за утврдување трети земји за кои треба да се укине сегашното ограничување на патувањето ги опфаќаат пред се епидемиолошката состојба и мерките за контролирање на епидемијата како и економски и социјални аспекти.
Во однос на епидемиолошката состојба, наведените трети земји треба да ги исполнуваат следниве критериуми: број на нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена на 100.000 жители близу или под просекот на ЕУ (забележан на 15 јуни 2020 година); стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи во овој период во однос на претходните 14 дена; целосен одговор на Ковид-19 земајќи ги предвид достапните информации, вклучително и за аспекти како што се тестирање, надзор, следење на контакт, ограничување, третман и известување. Реципроцитетот исто така треба да се зема предвид редовно и за секој случај засебно.
На 11 март 2020 година, СЗО ја прогласи појавата на коронавирус за пандемија. Според најновите статистички податоци, повеќе 10.429.000 луѓе се заразени во светот и пријавени се повеќе од 508.400 смртни случаи. Покрај тоа, досега повеќе од 5.689.000 лица закрепнале од болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

