Свет
ЕУ: Туск побара од Европскиот парламент да ја избере Фон дер Лејен
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во четвртокот побара од Европскиот парламент да ја одобри номинацијата на Урсула фон дер Лејен за следен шеф на Европската комисија.
„За првпат постигнавме совршена родова рамнотежа на највисоките позиции. Европа не зборува само за жени, туку и избира жени”, изјави Туск пред собранието, кое ќе гласа за Фон дер Лејен во средината на јули.
„Се надевам дека тоа ќе го инспирира Европскиот парламент во своите одлуки”, рече тој откако 28-те национални водачи на блокот ги назначија највисоките позиции на ЕУ за петте години што следат.
Нивните тридневни разговори беа неуредни, истакнувајќи ја поделеноста на проевропскиот центар во ЕУ и неговите импликации за идното одлучување во најголемиот трговски блок во светот каде што живеат половина милијарда луѓе.
Но, Туск рече дека нивната конечна одлука е консензуална и било потребно помалку време од пред пет години кога блокот последен пат го избра своето раководство за да помогне во движењето на Европа во трговијата, миграциските процеси и безбедноста.
„Јасно е дека само кога сме обединети можеме да бидеме противтежа на најмоќните глобални играчи”, рече тој.
Додека најголемите работни позиции на ЕУ даваат солидна застапеност на жените и рамнотежа меѓу конзервативците, социјалистите и либералите, источните членови на блокот беа изоставени, заедно со Зелените, кои добро се покажаа на изборите за Европскиот парламент во мај.
Туск повика кандидатите од исток и зелените партии да бидат застапени во работните места од втор ред, кои сè уште треба да се пополнат.
Во своето обраќање пред пленарната седница на Парламентот во Стразбур, словачкиот комесар Марос Сефчовиќ рече дека еден од главните предизвици што следат е и борбата против климатските промени, постигнувајќи согласност за буџетот на блокот за 2021-27 и за продлабочување на евроинтеграцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

