Свет
Жена била нападната и убиена од две кучиња во Англија, сопственикот ослободен со кауција
Сопственикот (39) на кучињата, кои викендов ја нападнаа и убија 68-годишната Естер Мартин во дом во Есекс, е пуштен со кауција. Мартин беше убиена во саботата попладне, а полицијата потоа уапси 39-годишен маж под сомнение дека одгледува опасна раса.
Како што е познато, сопственикот на кучињата веќе ѝ е познат на жртвата. „Истрагата напредува добро. Работиме со експерти за да го потврдиме типот на расата. Можеби ќе потрае неколку дена, но многу е важно да го утврдиме тоа“, рекол детективот Стјуарт Трус, а пренесува „Скај њуз“.
Ќерката на жртвата, Соња Мартин, тврди дека се работи за раса насилник XL, чие размножување беше забрането во Англија на почетокот на февруари. Наводно, сопственикот имал две возрасни кучиња и шест кученца. „Имаше раса XL, а мајка ми беше во контакт со него и рече дека се опасни и доста агресивни“, рекла ќерката.
Нападот на кучето се случи само неколку дена откако стапи во сила забраната за расата насилник XL поради серијата напади во последните години. Незаконски е да се поседува таков тип на куче, односно во Англија се смета за кривично дело. Сопствениците на ваквите кучиња може да бидат казнети со глоба, а во случај на насилни инциденти да добијат затворска казна до 14 години и забрана за поседување животни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко
Украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби во регионот Харков, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски во вечерното обраќање до нацијата.
„Нашите сили извршуваат контранапади и ја штитат украинската територија веќе втор ден“, рече Зеленски.
Украинската војска претходно соопшти дека руските сили се задржани во пограничните села во „сивата зона“, додека Русија објави дека зазела пет локални населби.
Ситуацијата, рече Зеленски, е особено напната во регионот на Доњецк, поточно во правец на Покровское, кај селата Семенивка и Нетаилова.
Зеленски додаде дека попречувањето на руските офанзивни акции сега е задача број еден.
Свет
Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш не ја исклучи можноста за интервенција на француската армија во Украина, но истовремено изрази надеж дека неговата земја нема да мора да војува и да испраќа свои војници во војна.
Како што пренесува „Украинска правда“, Емануел Макрон рече дека во одреден момент Европејците треба да бидат подготвени да ја спречат Русија да напредува понатаму во Украина, но тој најискрено се надева дека нема да мора да се борат.
„Ако сакаме мир, мораме да го заштитиме. Затоа треба да се вооружиме и затоа треба да бидеме средство за одвраќање и убедување. Ако одите предалеку и ги загрозувате нашите интереси и нашата безбедност, тогаш јас не исклучувам интервенци во конфликтот“, рече Макрон.
Тој нагласи дека украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет се под закана, но истовремено владеењето на правото и општите правила се под закана.
„И ако оставиме сè како што е во Украина, тогаш ќе победи правото на посилниот. И не можеме да бидеме сигурни бидејќи тоа се случува на 1.500 километри. Значи, во Украина нашата иднина и нашата безбедност се во прашање“, заклучи францускиот претседател.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.