Свет
Жена во САД упаднала во црква и отворила оган, има загинати и повредени
Жена во капут вчера отворилаоган со пушка во црква во Тексас, по што верниците побегнале. Двајца полицајци кои не биле на должност реагирале и го убиле напаѓачот. Застрелани и повредени се уште две лица, меѓу кои и петгодишно момче кое е во критична состојба.
Пукањето се случило нешто пред 14 часот по локално време во црква во Тексас. Жената влегча во црквата со капацитет од 16.000 луѓе заедно со момче кое подоцна беше повредено во престрелка со полицијата.
Повреден е и 57-годишен маж. Деталите за пресметката остануваат нејасни, а полицијата не го соопшти идентитетот на жената или можниот мотив. Исто така, не е познато каков однос имаат жената и момчето и кој всушност пукал во него и во ранетиот маж, пишува Асошиејтед прес.
„Ќе го кажам ова. Осомничениот го доведе момчето во опасност. Таа е виновна“, изјави началникот на полицијата во Хјустон, Трој Финер, на новинарите за време на прес-конференцијата пред црквата. Момчето е во критична состојба во детска болница, додека мажот е во стабилна состојба во друга болница со рана на колкот.
Црквата ја посетуваат 45.000 луѓе секоја недела, што ја прави трета најпосетувана црква во САД. Остин предупреди дека последиците можеле да бидат многу полоши доколку пукањето се случелол порано, околу 11 часот, кога во црквата имало повеќе луѓе.
Долгогодишниот член на црквата Алан Гити, чие семејство е од Хондурас, рече дека неговата мајка работела како вратар. Кога ги слушнал истрелите, 35-годишникот истрчал кај мајка си и тие легнале на подот и се молеле додека пукањето продолжило.
Началникот на полицијата Финер ја пофали брзата реакција на двајцата полицајци. Полицајците работат за полицискиот оддел во Хјустон. Откако била застрелана, жената ѝ кажала на полицијата дека има бомба, но властите рекоа дека не биле пронајдени експлозиви кога биле претресени нејзиното возило и ранец.
Службите за итни случаи продолжија да ја пребаруваат црквата со часови потоа. Остин рече дека неговата заедница е „уништена“. Тој додаде дека ќе се моли за жртвите и за жената што пукаше и нивните семејства.
„Ќе останеме силни и ќе продолжиме, одејќи напред“, заклучи свештеникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

