Европа
Жена искористила повеќе од 50 девојчиња, се преправала дека е момче за да ги одведе во кревет

Гема Вотс (21) од Енфилд, Англија, се преправала дека е 16-годишно момче Џејк со цел сексуално малтретирање 50-ина девојчиња, од кои некои имале само 14 години.
Џејк или Гема патувала низ целата земја со воз за да запознае што е можно повеќе девојчиња. На своите жртви таа упорно им се претставувала како момче, а долгата коса вешто ја криела под качкет. За да не биде откриена, таа носела широки панталони, а на главата дополнително ставала качулка.
Гема направила и лажен профил на „Снапчат“ и „Инстаграм“ со името на Џејк, на кој ги објавила своите фотографии кога била преправена како момче. Таа исто така објавила снимки на кои вози скејт и зборува со длабок машки глас користејќи го вокабуларот на младите.
Вотс е обвинета за седум сексуални напади врз малолетни лица. Поточно, сите девојки верувале дека се во врска со момче, а некои дури и се согласиле на сексуален однос. Дури подоцна сфаќале дека биле измамени и дека Џејк всушност е жена.
Се верува дека Гема измамила 50-ина девојчиња, но точниот број на оние со кои се запознала лично и се впуштила во интимна врска е непознат.
Таа првпат била фатена од полицијата во март 2018 година кога педијатар се посомневал оти една од неговите пациентки е во врска со многу постаро момче. Неколку месеци подоцна, Гема била фатена со друга жртва, но веднаш била пуштена на слобода за да биде уапсена во октомври истата година за заведување малолетничка.
Во ноември истата година ѝ биле изречени мерки на забрана, кои набргу ги прекршила.
За ова дело на Гема ѝ се заканува повеќегодишна казна затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник, Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.
Европа
Стармер: Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин го отфрли прекинот на огнот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во саботата дека постои „апсолутно единство“ меѓу сојузниците на Киев околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Русија.
„Достигнавме точка на целосен договор во голем број земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, дека мора да има безусловно 30-дневно примирје“, рече Стармер на прес-конференција во Киев.
„Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин одбие прекин на огнот“, додаде тој.
„Сите ние овде, заедно со Соединетите Американски Држави, го критикуваме Путин“, рече тој.
Стармер додаде дека ако рускиот лидер е „навистина сериозен во врска со мирот“, сега има „можност да го покаже тоа“ со продолжување на примирјето од Денот на победата на 30-дневен безусловно примирје, по што би следеле преговори. „Без ако, без но“, заклучи Стармер.