Свет
Животни гладуваат во зоолошка во Кина, се повикуваат доброволци да донираат храна
Фондот за загрозени животински видови на Кина повика доброволци да донираат храна за гладните животни во зоолошката градина во паркот Донгшан, во северната кинеска провинција Лијаонинг. Со зоолошката градина раководи локалната власт за која се вели дека останува без пари и затоа не може да ги покрие трошоците, пренесува Си-ен-ен.
„Во паркот сè уште има мечки што треба да се хранат, кобилата е пред породување и храната ѝ е преполовена, а вработените во зоолошката градина немаат земено плата шест месеци. Се надеваме дека надлежните ќе обрнат внимание на ова прашање“, напиша фондот во објавата на својата веб-страница.
Зоолошката градина, која има три елени сика, шест црни мечки, 10 алпаки и стотици мајмуни и птици – не наплаќа влез и се потпира на владино финансирање, но нема добиено пари шест месеци.
Состојбата е симптом на финансиската криза со која се соочуваат многу од кинеските градски и провинциски влади, кои мораат да ги намалат трошоците додека се борат со долгот што се зголеми за време на ковид-пандемијата и најлошиот пад на вредноста на имотот во Кина.
Локалните власти мораа да потрошат милијарди долари за масовно тестирање и заклучување за да ја спроведат кампањата на претседателот Џјинпинг за нулта толеранција на Ковид. Кризата на пазарот на недвижности – што резултира со остар пад на продажбата на земјиштето – ги лиши од голем извор на приход.
Како резултат на тоа некои се свртуваат кон вонредни мерки за да соберат пари, вклучително и казнување ресторани за послужување нелиценцирани краставици и возачи на камиони за транспорт на товари со прекумерна тежина.
Ситуацијата во зоолошката градина беше решена дури кога градската управа испрати пари за плати и храна неколку дена откога апелот на интернет привлече големо внимание, објави Кинеското национално радио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

