Свет
Жителите на ДНР почнаа да аплицираат за руско државјанство
Сите канцеларии на Миграциската служба на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) почнаа да добиваат формулари за руско државјанство во согласност со процедурата за брза постапка, вели шефот на Миграциската служба на ДНР, Владимир Красношчека.
„Во 9 часот сите 33 канцеларии на Миграциската служба на ДНР почнаа да добиваат документи од жителите на ДНР што сакаат да добијат руски пасоши по брза постапка“, рече тој.
На почетокот, само канцеларијата на Миграциската служба на ДНР во Донецк ќе ги прима барањата за државјанство. Процесот почна на 3 мај, а следниот ден првите 105 барања беа испратени во Ростовскиот Регион на Русија за понатамошно разгледување од релевантните руски агенции.
На 24 април рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша декрет кој ги олеснува руските правила за државјанство за жителите на одредени региони на југоисточна Украина.
„Поединци што постојано живеат во одредени области на регионите Донецк и Луганск во Украина имаат право да аплицираат за руско државјанство по брза постапка“, се вели во декретот.
Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи врз основа на општо прифатените меѓународни закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.