Свет
Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот
Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека состанокот бил продуктивен и дека самиот факт дека лидерите се наоѓаат еден покрај друг покажува кредибилно повторно почнување на мировните преговори.
Макрон ја поздрави „политичката храброст“ на украинскиот претседател Володомир Зеленски за кого состанокот во Норманскиот формат беше прв од ваков тип.
„Денеска навистина беше многу постигнато. Ова е прв состанокот на претседателот Путин и претседателот Зеленски од април 2019 година, по изборот на господинот Зеленски. И сакам да заблагодарам на оваа вистинска одлучност и храброст која ја покажа во непосредното решавање на судирот во својата земја“, изјави Макрон на прес конференцијата, пренесе „Спутник“.
Според него, дискусијата на состанокот на Норманската четворка го овозможија напредокот во многу прашања за решавањето на украинската криза, вклучуваји ја и размената на заробеници.
Како што рече, новата средба, треба да се оддржи во рок од четири месеци, но не го наведе точниот датум.
Вчерашните разговори траеја 5,5, часа, вклучувајќи го и 1,5-часовниот прекин за одвоените средби во четири очи меѓу претседателите на Русија и Украина.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е многу задоволна од самитот и дека лидерите на „четворката“ договориле дека постои потреба од посебна координација на политичките чекори за оддржување на локалните избори во Донбас и додаде дека сите учесници на самитот покажале добра волја за политичко решавање на ситуацијата во Донбас.
Рускиот претседател изјави дека работата на „Нормаднската четворка“ била многу корисна и дека Русија ќе направи се за да го даде својот придонес во процесот на решавање на ситуацијата во Украина.
„Многу сме им благодарни ( на лидерите на Франција и Германија) што посветија толку внимание на ова прашање и вложија толку напори за да се постигне конечно решение, од своја страна Русија ќе направи се за да придонесе во овој правец“, рече Путин на заедничката прес конференција.
Претседателот Зеленски кажа дека го отворил прашањето за повторното преземање на контролата над границата со Русија од страна на Киев и дека се надева дека на следниот состанок на „четворката“, по четири месеци, ќе се навратат на ова прашање.
Зеленски кажа дека Украина е подготвена да го реалиизра договорот постигнат во Париз, но дека е тоа „двонасочна улица“. Тој нагласи дека никогаш нема да се согласи на „федерализација на Украина“ и нема да дозволи притисок врз надворешната политика на земјата.
„Украина е унитарна држава, тоа е непроменлив член на Уставот на Украина и непрокосновен пирнцип на постоењето на државата“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

