Свет
Загадениот воздух ќе го скрати животот на децата за 20 месеци
Според најновите истражувања на непрофитната организација „Институт за ефектите на здравјето“, поради загадениот воздух што се шири низ целата планета, на секое дете, особено тоа што ќе се роди денеска, животниот век во просек ќе му биде скратен за 20 месеци, објави „Гардијан“.
Загадувањето на воздухот е причина за смрт кај барем еден од десет смртни случаи во 2017 година, што моментално го прави поопасен за човекот и од маларијата или сообраќајните несреќи. Исто така, загадениот воздух по штетност стана споредлив и со пушењето цигари, се наведува во студијата „Состојба на глобалниот воздух 2019“.
Но, во сите земји не е иста ситуацијата, односно не е исто нивото на загадување. На децата во јужна Азија животот најверојатно ќе им биде скратен за 30 месеци, а во супсахарска Африка за 24 месеци. Толку високо ниво на загаденост на споменатите подрачја настана како комбинација на загаден воздух на отворено, кое е предизвикано од сообраќајот и индустријата, загаден воздух во затворен простор, но главно поради несоодветен начин на готвење, без одвод и циркулација на воздух.
Во источна Азија загадувањето на воздухот ќе го скрати просечниот живот на децата за 23 месеци, а во развиените земји за помалку од пет месеци.
Додека малите деца кои се родени на подрачја со високи нивоа на загаденост на воздухот ги чека сериозна закана, како недоволно развиени бели дробови, што ќе трае во текот на целиот живот, повозрасните лица исто така се во опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

