Свет
Загина директорот на „Лукоил“, паднал од прозорец на болница во Москва
Почина Равил Маганов (67), шеф на вториот по големина руски производител на нафта „Лукоил“, пренесуваат агенциите.
Маганов починал вчера кога паднал од прозорец на болница во Москва, изјавил извор на „Ројтерс“. За смртта на Маганов објавија и некои руски медиуми. Од „Лукоил“ немало коментар за случајот.
„Телото на потпретседателот на нафтената компанија ‘Лукоил’, Равил Маганов, е пронајдено во Москва. Телото е пронајдено во близина на Централната клиничка болница на улицата Маршал Тимошенко. Бизнисменот пристигнал во медицинската установа непосредно пред да почине. Телото било пронајдено од болничкиот персонал“, пишува руска „Правда“.
Во соопштението за печатот на рускиот производител на нафта објавено во март на официјалната веб-страница на „Лукоил“ било напишано дека се загрижени за трагичните настани во Украина и ги поддржуваат преговорите за прекин на конфликтот.
Надзорниот одбор на компанијата тогаш повикал на итен прекин на огнот.
Маганов работел во „Лукоил“ од 1993 година, веднаш по основањето на компанијата, надгледувајќи гу нејзината обработка, производството и истражувањето.
Тој стана директор на „Лукоил“ во 2020 година. Неговиот брат Наил Маганов е на чело на рускиот производител на нафта „Татнефт“.
Равил Маганов бил близок соработник на еден од основачите на „Лукоил“, Вагит Алекперов. Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на „Лукоил“ во април, една недела откако Британија ги замрзна неговите средства и му воведе забрана за патување како дел од санкциите против Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

