Свет
Закани за обезглавување до претседател на општина во Франција
Претседателот на општина Брон во Лион, Жереми Брод, денеска доби закани за обезглавување.
Графитите „Жереми Брод, ќе ти ја отсечеме главата“ и навредливите пораки испратени до општинската полиција ноќеска беа напишани на еден ѕид, пренесува порталот од Лион, „Прогрес“.
Како што се наведува, 20-ина лица учествувале во пишување на графитите.
На овие закани реагира и министерот за внатрешни работи, Жерард Дерманин, кој на својот „Твитер“ напиша дека дал наредба да се преземат законски и други средства за заштита на Брод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Mлада девојка почина во канцеларија во Букурешт: надредените не сакале да ја пуштат на лекар, додека не паднала
Дваесет и седумгодишна девојка починала во својата канцеларија во Букурешт како последица на срцев удар, а претходно газдите, иако се жалела дека и’ е многу тешко, не ја пуштале да оди на лекар.
Според медиумите, девојката изгубила свест на почетокот на работното време, пред десетина дена. Меѓутоа, претпоставените одбиле да повикаат брза помош, ниту пак ја пуштиле младата жена да си оди дома.
Дури откако се онесвестила по втор пат, биле повикани лекари, но веќе било доцна.
Според „Обсервер“, станува збор за компанија со околу 100 вработени, а до неодамна повеќето работеле од дома. Меѓутоа, неодамна сите добиле наредба да се вратат во канцеларијата, што довело до конфликт и бројни отпуштања.
„Тоа е издавачка куќа во Букурешт. На девојката првин и’ се слошило околу 11 часот. Ја изгубила свеста, но никој не сакал да повика брза помош и набрзо се опоравила. Никој не ја ни испратил дома“, изјавил очевидец на трагедијата за Обсервер.
Според извештаите, на девојката наводно и биле дадени таблети калциум, а околу 13 часот девојката повторно изгубила свест.
„Само што падна од столчето и почна да повраќа. Дури потоа колегите повикаа брза помош. Кога дојдоа лекарите почнаа со реанимација“, тврди сведокот.
Набрзо пристигнала уште една екипа за брза помош, но по еден час реанимација, лекарите можеле само да констатираат смрт. Телото било испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Колегите на трагично загинатата девојка велат дека таа била преоптоварена со работа и постојано под стрес. Како и околу 100 нејзини колеги, таа работела од дома во последните четири години. Управата пред околу еден месец наредила сите да се вратат во канцелариите.
Тогаш, според наводите, притисокот станал уште посилен.
„Од работниците бараа прекувремена работа, а за тоа не им беше платено“, тврди сведокот.
Издавачката куќа не била достапна за коментар.
Свет
(Видео) Жесток израелски напад на дворот на болницата во Газа, најмалку четворица мртви
Во израелски воздушен напад врз дворот на болницата Ал Акса во центарот на Газа синоќа загинаа четири лица, а 40 други беа повредени, според информациите на болницата и претставници на цивилната заштита. Околу 5.000 раселени Палестинци побараа засолниште во областа.
Канцеларијата за медиуми на владата во Газа објави дека ова е седми напад врз болничкиот комплекс од јануари и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел да ги запре нападите врз цивилите.
Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон командниот центар на Хамас, кој наводно се наоѓал во комплексот на поранешната болница „Шухада Ал Акса“. Израел, исто така, соопшти дека презел мерки за ограничување на цивилните жртви, но го обвини Хамас за користење на цивилната инфраструктура.
Вкупно, најмалку 40 лица, меѓу кои 13 деца, загинаа во израелските напади во Газа вчера, а многумина се пренесени на лекување во болницата Ал Акса.
Свет
(Видео) Мал авион во САД се урна покрај куќа, пилотот загина
Вчера во американскиот град Савана, во државата Џорџија, се урна мал авион при што загина пилотот, а еден патник беше повреден, јави Еј-би-си Њуз.
Несреќата се случила во населбата Ламара Хајтс, според информациите објавени од локалната полиција. Никој на теренот не е повреден, а Федералната управа за авијација ќе спроведе дополнителна истрага.
Пожарникарите на Унијата на Савана објавија на Фејсбук дека добиле извештај за падот околу 21:46 часот.
Кога пристигнале пожарникарите, пилотот и патникот се уште биле заробени во авионот.
„Постапивме брзо за што поскоро да ги извадиме и да обезбедиме итен транспорт до болницата“, се вели во нивното соопштение.
Областа ќе остане затворена додека не заврши истрагата и не се отстрани авионот, рекоа официјални лица.