Свет
Заклучување на цел Шангај поради Ковид-19

Кинеските власти ги проширија мерките за изолација во Шангај на сите 26 милиони луѓе во финансискиот центар и покрај зголемената фрустрација поради правилата за карантин во градот, каде што, според најновите бројки, се потврдени само 268 симптоматски случаи на коронавирус.
Во голем тест за кинеската стратегија за нулта толеранција во борбата против коронавирусот, владата го прошири заклучувањето во источните делови на градот и дополнително ги пролонгира ограничувањата во западните квартови што требаше да бидат укинати денеска.
Поширокото затворање следува откако бројот на асимптоматски случаи на Ковид-19 се искачи на повеќе од 13.000. Симптоматските случаи вчера паднаа на 268 од 425 во неделата. Иако сè повеќе граѓани на социјалните мрежи изразуваат фрустрација поради затворањето, се чини дека тоа не ги засега надлежните.
„Спречувањето и контролирањето на епидемијата во Шангај е во најтешката и најкритична фаза“, рече на брифинг Ву Чијанју, претставничка на локалната здравствена комисија.
Политиката за карантин во Шангај беше критикувана поради одвојувањето на децата од нивните родители и мешањето на асимптоматски и симптоматски случаи. Ву не ги коментира критиките за разделба на семејствата, а вчера инсистира дека децата со позитивен наод мора да се разделат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Папата нареди испорака на 5.000 дози антибиотици за децата во Газа

Папата Лав XIV нареди испорака на 5.000 дози антибиотици за децата во Газа, бидејќи хуманитарната помош почнува да пристигнува во енклавата по две години конфликт, објави Ватикан.
Според соопштението на Ватикан, лековите веќе се дистрибуирани до оние на кои им е најпотребна со помош на Латинската патријаршија во Ерусалим.
„Ги применуваме во пракса зборовите од апостолската поука Dilexi te, посветена на сиромашните“, рече кардиналот Конрад Крајевски, префект на Дикастеријата за служба на хуманитарните организации.
„Неопходно е да се дејствува, да се обрне внимание на оние на кои им е потребна помош“, додаде тој, нагласувајќи дека мисијата на Црквата е веродостојна само кога се изразува преку „конкретни гестови на блискост и добредојде“.
фото: принтскрин
Свет
Инфлуенсерка и нејзината ќерка пронајдени мртви во стан во Бразил

Во Рио де Жанеиро се пронајдени телата на 33-годишната инфлуенсерка и манекенка Лидијане Алина Лоренсо и нејзината 15-годишна ќерка Мијана Софија Сантос, јавуваат бразилските медиуми.
Соседите во населбата Барра да Тиџука ги повикале пожарникарите поради силен непријатен мирис, а телата биле откриени во различни простории од станот. Според полицијата, нема знаци на насилство и се чекаат резултатите од токсиколошката анализа за да се утврди причината за смртта.
Лоренсо имала над 54.000 следбеници на Инстаграм и студирала медицина во Рио. Таа и нејзината ќерка беа погребани во родниот град Санта Сесилија. Истрагата продолжува.
Свет
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ќе го разоружаме

Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој.
На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“.
„Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател.
„Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.
фото: принтскрин