Европа
Заменети вакцини за време на ревакцинација во Германија

Вакцините биле заменети во три случаи за време на ревакцинацијата во Забрјукен, Германија, со давање вакцина на луѓе од друг производител по првата вакцинација.
Поточно, тие првин ја примиле вакцината на „Бионтек“ и „Фајзер“, а вториот пат тоа била вакцината на „Астра зенека“, потврдија градските власти.
Станува збор за пропуст на еден вработен, а образложението е дека таму каде што работат луѓе се случуваат и грешки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива, а не за крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската војска не се подготвува да ја заврши војната, туку презема чекори што, како што вели тој, укажуваат на подготовки за нови офанзивни операции.
Во објава на социјалните мрежи, тој им се заблагодари на лидерите на ЕУ за нивната поддршка за независноста и територијалниот интегритет на Украина и нагласи дека единството на ставовите не смее да биде загрозено, повикувајќи ги партнерите дополнително да го зголемат притисокот врз Русија.
I am grateful to the leaders of Europe for their clear support of our independence, territorial integrity, and precisely such an active approach to diplomacy that can help end this war with a dignified peace.
Indeed, we all support President Trump’s determination, and together…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 12, 2025
„Заедно разговараме за прашања што се однесуваат на безбедноста на Украина и Европа. Секоја одлука мора да придонесе за нашите заеднички безбедносни капацитети. И ако Русија одбие да го запре убивањето, таа мора да ја сноси одговорноста за тоа“, рече Зеленски.
Тој, исто така, го поддржа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин. „Навистина, сите ја поддржуваме решителноста на претседателот Трамп и заедно мора да формираме ставови што нема да дозволат Русија повторно да го измами светот“, рече Зеленски.
Тој додаде дека сè додека војната и окупацијата продолжуваат, сите мора да продолжат со притисокот – преку воена сила, санкции и дипломатија. „Им благодарам на сите што помагаат. Мир преку сила“, заклучи украинскиот претседател.
фото: принтскрин
Европа
Топлотен бран на југот од Франција: 12 департмани во состојба на зголемена готовност

Франција денес очекува температури од исклучителни нивоа на југот, а Националниот метеоролошки институт стави дванаесет оддели во состојба на висока готовност. Се очекува температурите да надминат 40 Целзиусови степени, а на некои места дури и да достигнат 42 Целзиусови степена, објави „Метео Франс“.
„Можеме да се приближиме до рекордни нивоа и да забележиме невидени вредности, но националниот рекорд од 48 степени треба да остане недостижен“, изјави прогнозерката Кристел Роберт на прес-конференција синоќа.
На многу места веќе се измерени 40 степени во текот на викендот. Во департманот Л’Еро беа измерени 42,2 степена, во Пиринеи-Ориентали 41,3 степен и во Гард 40,9 степени. Топлотниот бран што го погоди поголемиот дел од јужна Франција во петокот сега се движи кон север, објави „Франс прес“.
Поголемиот дел од земјата ќе биде над 30 Целзиусови степени, со 38 во нејзиниот центар и 34 во регионот на Париз, објави „Метео Франс“.
Агенцијата во својот последен билтен објавен утрово соопшти дека се очекува сегашниот топлотен бран да трае најмалку до 15 август. „Ноќите ќе бидат доста тешки“, предупреди Роберт. Се очекуваат високи ноќни температури: за Париз следната вечер се прогнозираат температури над 20°C.
Овој топлотен бран, втор што ја погоди земјата ова лето по епизодата од 19 јуни до 4 јули, е исто така 51. регистриран од 1947 година, според „Метео Франс“.
фото: принтскрин
Европа
Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од високите температури и силните ветрови, објавија властите.
Околу 400 луѓе беа раселени во и околу градот Каруседо, а уште 700 од неколку градови во близина на местото Лас Медулас, древен римски рудник за злато познат по своите спектакуларни црвени карпи и место на светското наследство на УНЕСКО.
Според шефот на регионалната влада, Алфонсо Мануека, неколку од овие пожари се предизвикани од криминални активности. „Ќе бидеме немилосрдни против сторителите на овие напади врз животот и безбедноста на луѓето, како и врз нашето историско и природно наследство“, напиша тој на Икс.
Шумски пожари ги погодија и регионите Галиција (северозапад) и Навара (север). Шпанија е на удар на топлотен бран кој влегува во својата втора недела, со температури кои достигнуваат речиси 40°C во многу региони, а се очекува топлотниот бран да трае најмалку до четврток. Цивилната заштита издаде предупредување за шумски пожари низ целата земја, со висок до екстремен ризик.
фото: принтскрин