Европа
Западни власти: Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај

Рускиот претседател Владимир Путин би можел формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, што е потег што ќе му овозможи целосно да ги мобилизира руските резервни сили, додека инвазијата продолжува да се забавува, сметаат американските и западните власти.
Денот на победата или 9 мај е денот кога Русија ја слави победата над нацистите во Втората светска војна, потсетува Си-ен-ен.
Западните власти долго време веруваа дека Путин ќе го искористи симболичното значење и пропагандна вредност на тој ден за да ги објави или воените достигнувања во Украина, големата ескалација на непријателствата или и двете.
Официјалните лица, додава Си-ен-ен, сè повеќе веруваат во сценариото дека Путин ќе ѝ објави војна на Украина на 9 мај. Досега тој инсистираше на тоа дека конфликтот, кој трае повеќе од два месеца, е „специјална воена операција“, со која се забранува употребата на зборови како „инвазија“ или „војна“.
Формалното објавување војна потенцијално може да ја зајакне јавната поддршка за инвазијата. Тоа, според рускиот закон, исто така ќе му овозможи на Путин да мобилизира резервни сили и да регрутира регрути, за кои властите велат дека на Русија очајно ѝ требаат поради зголемениот недостиг на луѓе.
Западните и украинските власти проценуваат дека во војната досега загинале најмалку 10.000 руски војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.
Европа
(Видео) Пред точно три години Путин му се обрати на светот, а тенкови ја минаа границата

На денешен ден пред точно три години започна сеопфатната руска инвазија врз Украина. Руските сили, под наредба на Владимир Путин, започнаа сеопфатен напад врз Украина со цел да ја преземат контролата врз територијата, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.
Инвазијата резултираше со десетици илјади жртви, масовно уништување на инфраструктурата и раселување на милиони луѓе. Украина и денес се спротивставува на руската агресија, три години по тој ден, и се стреми да ја зачува својата независност и територијален интегритет.
Потсетување на хронологијата од тој ден со придружната снимка, која на Икс ја објави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.
24.02.2022: the chronicle of a day that changed the fate of the entire world
▪️ It all started with Putin's speech, in which he announced the decision to start the so-called "SMO".
▪️ At 5:00 Russian troops attacked the state border of Ukraine from Russia and Belarus within the… pic.twitter.com/5gbumcCMlB— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 24, 2025
- Се започна со говорот на Владимир Путин во кој тој го најави почетокот на т.н „специјални воени операции“.
- Во 5:00 часот, руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад беше покренат од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови.
- Во 6:11 часот, претседателот Зеленски го свика Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), кој прогласи вонредна состојба.
- Во 6:46, Зеленски им се обрати на Украинците: „Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина!“
- Веќе во 7:53 се појавија информации дека се соборени 5 авиони и 1 хеликоптер на Вооружените сили на Руската Федерација. Пристигнаа и првите вести за жртви меѓу војниците и цивилите.
- Во 10:40 часот, две „неидентификувани цели“ им се заканија на украинските граничари на Змискиот остров во Црното Море. Војниците зазедоа одбрана, а на агресорот му беше упатена фраза која стана мото на целата нација
- Во 12:40 часот руските специјални сили тргнаа во воздушен десант на аеродромот во Хостомел во близина на Киев.
- Во 13 часот руска оклопна колона го започна својот пробив кон Киев.
- Во 13 часот, министерот за одбрана Олексеј Резников изјави: „Сите што се подготвени да земат оружје, приклучете се на Територијалната одбрана. Ние им даваме оружје на сите патриоти кои се подготвени да го употребат против непријателот без двоумење!“
- Во 15 часот, портпаролот на Кремљ Песков изјави дека Путин е „подготвен за преговори“ доколку Украина ги прифати неговите услови.
- Во 16:00 часот руските сили напредуваа во регионот Суми и влегоа во зоната на Чернобил.
- По 17:30 часот, во близина на Чернихив се предаде извиднички вод на 74-та моторизирана бригада на вооружените сили на Руската Федерација.
- Во текот на првиот ден од инвазијата загинаа 57 лица, а 169 беа ранети.
- Околу 18 часот Зеленски им се обрати на светските лидери: „Ако не ни помогнете денес, утре војната ќе затропа на вашите врати“.
- Во 22:00 часот, 16 часа по почетокот, украинските вооружени сили, граничарите, спасувачите и припадниците на другите безбедносни сили херојски ја одржаа одбраната
Европа
Зеленски објави видео за годишнината од војната: „Три години апсолутен херојство“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбележа третата годишнина од руската инвазија на Украина со објавување видео во кое се прикажани ужасни моменти од војната.
Во објава на Икс, Зеленски изрази гордост и благодарност до сите што ја бранат и поддржуваат земјата.
Three years of resistance. Three years of gratitude. Three years of absolute heroism of Ukrainians. I am proud of Ukraine! I thank everyone who defends and supports it. Everyone who works for Ukraine. And may the memory of all those who gave their lives for our state and people… pic.twitter.com/HeNMpJX891
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 24, 2025
„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутен херојство на Украинците. Горд сум на Украина! Им благодарам на сите што ја бранат и поддржуваат. На сите што работат за Украина. И нека е вечен споменот на сите кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, рече Зеленски во објавата на социјалните мрежи.