Свет
(Видео) Запалени американското и израелското знаме на протест во Истанбул
Илјадници луѓе се собраа во Истанбул во знак на протест за преселувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим и смртоносните судири по должината на израелско-палестинската граница.
Тие носеа транспаренти со натписи: „Ал Кудс им припаѓа на муслиманите“ (Ал Кудс е арапски назив за Ерусалим) и сакндираа „Бог е голем“ и ги палеа знамињата на САД и Израел.
Еден говорник на протестите ги нарече Американците кучиња, а толпата скандира „Ерусалим е наш и ќе биде наш!“
Собирот го организира происламската хуманитарна фондација кога Турција жестоко ги искритикува САД и Израел за селидбата на Амбасадата.
Говорејќи во Анкара, турскиот премиер Бинали Јилдирим ги осуди двете земји што ја слават селидбата, додека, како што рече, невините и незаштитените Палестинци стануваат маченици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

