Свет
Запленети 2,5 тони кокаин во Атлантикот
Португалската полиција објави дека запленила околу 2,5 тони кокаин и уапсила 11 луѓе кои пловеле под панамско знаме во океанот кај Португалија.
Во заедничка операција на португалската морнарица и воздухопловството, уапсени се 11 мажи, поголем дел од источна Европа.
Бродот влекач, кој тргнал од непрецизирана земја од Латинска Америка, требало да стигне со европскиот континент и да ја испорача дрогата, се наведува во полициското соопштение. Цената на запленетиот континент се проценува меѓу 100 и 125 милиони евра.
Најголема заплена на кокаин во Португалија досега е 8 тони, а се случила во 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот
Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа да се евакуираат додека ја продолжува операцијата против Хамас во тој град.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Авичај Адрае на платформата „Икс“ објави список на нови зони во Рафа од кои треба да се евакуираат Палестинците.
Цивилите се повикани да се евакуираат во проширената хуманитарна зона во областите Ал-Маваси и Кан Јунис. Адрае ги предупреди Палестинците да не се движат кон израелската граница, објави „Тајмс оф Израел“.
Овој потег доаѓа откако израелскиот воен кабинет гласаше во четвртокот вечерта за одобрување „ограничено проширување“ на воената операција во Рафа.
ИДФ во понеделникот започна со евакуација на Палестинците од источната периферија на Рафа, пред израелските сили да влезат во областа.
Околу еден милион Палестинци, кои избегаа од конфликтот во другите делови на енклавата, најдоа засолниште во Рафа. Повеќе од 150.000 Палестинци веќе го напуштија градот, објави Гардијан.
Издадена е посебна наредба за евакуација за областа Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, каде на жителите им беше кажано да се евакуираат во засолништата западно од градот Газа, рече Адрае.
Регион
„Ќе поведеме соодветни мерки“ – српското министерство за смртта на осомничениот за убиството на малата Данка
Министерството за внатрешни работи на Србија се огласи за наводите повзарни со смртта на осомничениот во случајот со убиството на малата Данка, а во објавеното соопштение наведуваат како полицајците се однесувале кон него.
„Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Вишото јавно обвинителство прибираат информации и ги утврдуваат фактите и околностите под кои во Полициската управа во Бор почина Д.Д. осомничен во случајот со убиството на малата Данка. Полициските службеници за време на постапката, постапуваат во целосност и во согласност со законите и своите овластувања“, се наведува во соопштението.
Тие исто така забележуваат дека секој што придонел за смртта на осомничениот ќе биде кривично гонет.
„Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а за тоа јавноста ќе биде информирана навремено“, се додава.
Осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кому му беше одреден притвор до 48 часа поради сомнение дека му помагал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ по криминал, почина на 7 април во Полициското одделение во Бор.
Според официјалното полициско соопштение, Далибор починал во притвор како последица на срцев удар.
Далибор Драгијевиќ беше уапсен на 6 април, заедно со неговиот татко Радослав, под сомнение дека му помагале на својот брат Дејан да го премести телото на убиената Данка Илиќ.
Далибор пред смртта признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ. Тој ја водеше полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не беше пронајдено на ниту една од нив.
Ненадејната смрт на братот на убиецот може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од трите клучни луѓе кои можеа да и помогнат на полицијата во потрагата по телото на Данка.
Свет
Хамас: Ние сакаме вистински договор, а Нетанјаху сака војната да продолжи
Хамас сака смиреност и вистински договор за прекин на огнот во Газа, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака војната да продолжи, изјави високиот функционер на Хамас, Калил ал Хаја.
„Хамас не ги суспендираше ниту се повлече од преговорите (примирјето), окупацијата се сврте против предлогот на посредникот“, изјави Ал Хаја за телевизијата Ал Араби во петокот, пренесе Ројтерс.
Палестинска милитантна група претходно во петокот изјави дека напорите за договор за прекин на огнот во Појасот Газа се вратиле на почетокот откако Израел го отфрли предлогот на меѓународните посредници.
Преговорите продолжија во вторникот во Каиро, кога делегациите на Хамас и Израел се вратија во главниот град на Египет, откако претходната рунда преговори пропадна.