Свет
Захарова: На повеќето Украинци не им треба закон за јазици
Повеќето Украинци немаат потреба од закон за јазик, изјави во вторникот портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува ТАСС.
Претходно администрацијата на Лвов му се обрати на украинскиот претседател Владимир Зеленски со барање да зборува само на украински јазик во јавните обраќања.
„Еве новост за Лвовската администрација – 13,5 милиони Украинци гласаа за лицето што зборува руски во приватниот живот, на работа и за време на изборната кампања. Ова докажува нешто што е веќе очигледно – никому освен на радикалните националисти не му треба овој контроверзен закон за јазици “, напиша Захарова на нејзиниот официјален профил на „Фејсбук“.
На 24 април Врховната рада на Украина усвои Закон за украинскиот јазик. На 15 мај законот беше потпишан од тогашниот претседател Петро Порошенко.
Законот ги обврзува граѓаните да го користат украинскиот јазик во сите сфери на животот. „Јазични инспектори” ќе имаат задача да го следат спроведувањето на законот. Тие ќе можат да присуствуваат на владините сесии, да бараат документи од јавни организации и политички партии и да ги изрекуваат казни за прекршоците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.