Европа
Захарова: Обидот за атентат на Малофеев ги разоткри терористичките методи на Киев

Неуспешниот обид за убиство на рускиот милијардер и извршен директор на групата „Царград“, Константин Малофеев, е уште еден пример за криминалната природа на режимот во Киев, кој прибегнува кон терористички методи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Неуспешниот обид за убиство на Константин Малофеев е уште еден пример за длабоко криминалната природа на режимот во Киев, кој не ги избегнува отворените терористички методи во сузбивање на несогласувањето, додавајќи ги на долгата листа на неговите грозоморни злосторства против цивилните претставници на медиумскиот простор“, истакна Захарова.
Според неа, истата шема со автомобил бомба била користена и во август 2022 година кога била убиена новинарката Дарја Дугина.
„Претходно, во април 2022 година успеавме да спречиме обид за терористички напад врз голем број истакнати руски новинари и медиумски личности, кој беше подготвен специјално по наредба на украинските безбедносни агенции“, нагласи Захарова.
Таа предупреди дека веб-страницата „Миротворец“, за која тврди дека е создадена од украинските безбедносни сили и која отворено поттикнува насилни злосторства против луѓето што не се популарни кај режимот во Киев, продолжува непречено да работи.
Според нејзиното мислење, таквите акции се вршат со дозвола на Западот.
„Покрај директното вклучување на украинските власти во планирањето и извршувањето на гореспоменатите и многубројни други злосторства, треба да биде и намерното непостапување на специјализираните меѓународни агенции за човекови права, што режимот на Зеленски го гледа како зелено светло за продолжување на таквите практики, истакна Захарова, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин: Мојата внука течно зборува кинески

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата внука течно зборува кинески бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг. Путин се обидуваше да ги нагласи блиските врски меѓу Москва и Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески, мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа течно зборува кинески со неа“, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
„Русите покажуваат зголемен интерес за учење кинески јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји. Годишната трговија достигнува 240 милијарди долари“, истакна тој.
Забелешката на Путин понуди редок поглед во личниот живот на рускиот претседател и ги илустрираше блиските врски меѓу двете земји.
Кина не се придружи на меѓународните санкции што ја погодија Русија по нејзината инвазија на Украина во 2022 година, туку се позиционираше како клучен трговски партнер.
Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.