Економија
Захарова: Обновувањето на снабдувањето со гас зависи од активностите на Западот, а не од Русија
Отворањето на гасоводот „Северен тек 1“ по ремонтот зависи од Западот, а не од Русија, изјави во четвртокот претставничката на Кремљ, Марија Захарова, а „Газпром“ малку порано изјави дека нема намера да шпекулира за тоа.
„Што се однесува до гасоводот, многу ќе зависи од нашите партнери, како од нивните барања така и од тоа дали ќе ги спречат негативните ефекти од незаконските мерки“, рече Захарова.
„Газпром“ претходната вечер објави дека нема да проценува кога и дали воопшто ќе продолжи со испораката на „Северен тек 1“.
Гасоводот е затворен од понеделникот поради претходно планираниот ремонт, кој треба да трае до 21 јули. „Газпром“, сепак, веќе ги намали испораките поттикнувајќи ја загриженоста во Германија дека чешмите може да останат вклучени.
„Газпром“ инсистира дека прашањето не е политичко, туку техничко. Руската страна инсистира дека без една турбина на „Сименс“, која се ремонтира во Канада, не може да ја нормализира испораката.
Поради санкциите, Канада одби да ѝ ја предаде турбината на Русија, но ја испрати во Германија.
Ова предизвика остра реакција кај украинските власти, кои сметаат дека тоа е поткопување на санкциите. Берлин, сепак, инсистира дека санкциите не го ограничуваат транзитот на руски гас.
Захарова директно ја спомена турбината во изјавата од четвртокот, откако Газпром рече дека нема пристап до документи кои „дозволуваат Сименс да ја преземе турбината од ремонт во Канада“.
Во вакви околности, додаде „Газпром“, невозможно е да се предвиди колку е сигурно продолжувањето на снабдувањето.
Рускиот гигант исто така го оправда намалувањето на испораката во јуни на 40 отсто од капацитетот со отсуството на турбина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека „Газпром“ би можел да ги зголеми испораките на „Северен тек“ веднаш штом ќе ја инсталира ремонтираната турбина.
Засега „Сименс“ не ја коментира најавата на „Газпром“, пренесе „Денес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

