Свет
Захарова: САД се во тешка ситуација, луѓето во Лос Анџелес буквално умираат на улиците
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се врати во Белата куќа со мисија да ја спаси Америка, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во интервју за државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова направи паралела со поранешниот американски претседател Барак Обама.
„Го видовме Обама, кој ја доби Нобеловата награда за ништо. Или поточно, само за да го спречи да падне во спиралата на некој светски конфликт. Не знам дали сфатија дека тој не ги разбира светските работи и ќе се впушти во нешто, или априори решија да го смират тој змеј“, рече таа.
„И еве го гледаме политичарот (Трамп) што дојде да ја спаси Америка. Тоа е неговата главна задача. Тој не дојде да ја спаси вселената, не дојде да го спаси светот, дојде да ја спаси Америка“, додаде таа.
Таа вели дека ситуацијата во Соединетите Американски Држави е „благо речено, тешка“.
„Само видете ја големината на националниот долг, а да не зборуваме за внатрешната ситуација. Мислев дека вакви сцени има само во Филаделфија, во Детроит. А вчера испратија видео од Лос Анџелес, го гледав, луѓето, едноставно, умираат на улиците. Ова не е хипербола, вистина е“, продолжи Захарова.
Захарова вели дека Трамп, и покрај тоа што се фокусира на домашните проблеми, посветува значително внимание на ситуацијата околу Украина.
Таа додаде дека денес „дури и зборувањето за мир стана чин на храброст откога многумина беа казнети за тоа со санкции, бришења, откажувања и обиди за физичко уништување“, заклучи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

