Регион
Захарова тврди дека видеото за шпионите е провокација
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека снимката за наводниот руски разузнавач, е само последна во низата провокации.
„Сега доаѓа средба на врвот, меѓу Путин и Вучиќ, и ние сме навикнати една недела или неколку дена пред ваквите состаноци да се појават интересни приказни, некакви сензации. И, тогаш времето минува и сето тоа завршува и се утврдува дека се работело за евтина провокација“, рече Захарова и додаде:
„Со ова видео треба да се занимаваат оние на кои тоа им е наменето, а за пошироката јавност е очигледна задачата поставена од авторите на овој таканаречен филм – тоа е провокативна акција, обид да се провоцира соодветно расположение кај луѓето пред цела низа разговори, средби, посети. Вакво нешто веќе имаме видено. Во последната година можам да наведам десетина слични случаи кога или пред посети, разговори, самити или веднаш потоа, се одвиваа слични провокативни приказни, хибридни гестови, лажни вести“.
Според неа, првин мора да се потврдат информациите кога е снимено видеото, кој е прикажан на снимката и кој го монтирал. Во врска со случајот денес се огласи и Кремљ преку портпаролот Дмитриј Песков.
Кремљ е уверен дека ништо не може да ги наруши односите меѓу Русија и Србија и покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ отвори истрага за снимката која наводно покажува како руски агент му дава пари на припадник на српските безбедносни служби.
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како руски разузнавач наводно му дава пари на високопозициониран српски службеник. Видеото го објави бугарски новинар, а автентичноста на снимката и идентитетот на рускиот агент, кој работел во Амбасадата на Русија, го потврди Безбедносно-информативната агенција (БИА).
Министерот за одбрана, Александар Вулин, рече дека ситуацијата е многу сериозна, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за денеска закажа итна седница на Советот за национална безбедност по што се очекуваат повеќе информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

