Свет
Захарова ја нарече администрацијата на Обама „група огорчени губитници“
Администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама е „група огорчени губитници“, порача ноќта кон петокот портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, најавувајќи противмерки на Москва откако во четвртокот со указ на Обама воведе нови мерки против Русија.
На само три месеци од неговото заминување од должноста, претседателот Барак Обама протера 35 руски дипломати, затвори две згради што ги користеле руските службеници во Њујорк и Мериленд и воведе санкции за руски правни и физички лица, за наводните хакерски напади диригирани од Русија врз компјутерските системи на Демократската партија и мешање во американскиот изборен процес.
„Утре ќе следи официјално соопштение, противмерки и многу друго…“, напиша Захарова на својот профил на Facebook.
Во моментов американскиот народ е понижен од својот претседател, а не од меѓународни терористи или непријателски војски, оценува портпаролката на руската дипломатија.
„Овојпат шлаканица на Вашингтон му нанесе нејзиниот стопан, максимално зголемувајќи го количеството неодложни прашања за тимот што доаѓа. Требаше да има сеопфатни чекор на Блискиот исток, а не одмазда“,смета Захарова.
„Целиот свет… го гледа разорниот удар врз угледот на Америка и нејзиното лидерство што ѝ го нанесува Барак Обама и неговата неразборит надворешнополитички тим, откривајќи му ја на светот својата главна тајна – исклучителноста била маска за беспомошноста. И ниеден непријател на САД не можеше да им стори полошо“, додава Захарова./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

