Контакт

Свет

За иранскиот нуклеарен договор ќе се дискутира на министерскиот состанок на Советот на Европа

Објавено пред

Ситуацијата за нуклеарниот договор на Иран ќе биде тема на разговор на состанокот на Комитетот на министрите на Советот на Европа во Хелсинки на 16 и 17 мај, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, за ТАСС.

dobivaj vesti na viber

„Голем број состаноци ќе се одржат на маргините на седницата на Советот на Европа во согласност со одредени договори што се постигнати. Се разбира, и прашањето на нуклеарниот договор ќе биде тема на разговор на овие состаноци“, рече високот дипломат.

На 8 мај 2018 година американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Вашингтон еднострано ќе го напушти нуклеарниот договор постигнат во 2015 година, а во ноември ги обнови антииранските санкции вклучувајќи ја и забраната за набавка на нафта.

Во средата иранскиот претседател, Хасан Рохани, рече дека Техеран ќе го прекине исполнувањето на своите обврски во рамките на две клаузули од договорот за 60 дена. Иран ќе продолжи со работата за збогатување ураниум и за надградба на реакторот „Арак“ ако страните во договорот не успеат да ги исполнат своите обврски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израел е подготвен за итно ослободување на заложниците, вели Нетанјаху

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва.

dobivaj vesti na viber

Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе пристигне во Израел утре во 9:20 часот наутро.

– ИДФ ги заврши подготовките за ослободување на заложниците и проценува дека сите ќе бидат ослободени пред пристигнувањето на Трамп, изјави изворот.

Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Објавено пред

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“.

dobivaj vesti na viber

Тој ова го кажа во обраќање за време на неговата неделна молитва пред десетици илјади верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

– Ги охрабрувам сите вклучени страни храбро да продолжат по патот што го избраа, кон праведен и траен мир што ќе ги почитува легитимните аспирации на израелскиот и палестинскиот народ, изјави поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот.

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако првата фаза на прекинот на огнот стапи во сила претходниот ден.

– Повеќе од половина милион лица се вратиле во Газа (Сити) од вчера, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана, службата за спасување која работи под надлежност на Хамас.

На снимки објавени од светските медиуми се гледаат Палестинци кои се враќаат во градот Газа, многумина од нив веејќи палестински и египетски знамиња.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Објавено пред

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.

Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.

„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“. 

Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.

Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.

 Аналитичари за „Гардијан“ велат дека послендите случувања на релација Кабул-Исламабад покажуваат колку се длабоки граничните тензии меѓу двете држави.
Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија4 часа

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет8 часа

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија20 часа

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...

Топ24 часа

18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарницата во Гостивар

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарницата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од...

Свет1 ден

Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова по повод 11 Октомври: Да ја сочуваме визијата и храброста на оние што тргнаа во востанички марш

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи...

Македонија1 ден

Од утре гужви на границите со новиот систем за влези и излез, ги објавуваме сите детали за што сè треба да се подготват патниците

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален...

Македонија1 ден

Осомничениот раководител во РЕК доби затворски притвор, куќниот е укинат поради можност за бегство

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик...

Македонија2 дена

(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје

„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова...

Спорт2 дена

Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД,...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан...

Македонија2 дена

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025...

Македонија2 дена

Разрешен директорот на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски

Министерството за здравство информира дека министерот Азир Алиу денес донесе решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за...

Топ2 дена

Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од...

Македонија2 дена

Застреланиот лекар Шаини ја брани сопругата: Ги отфрлам тврдењата дека зад ова стои госпоѓата Арјета Ајдини

Застреланиот лекар Зекирија Шаини ги отфрли како неосновани и невистинити тврдењата дека неговата сопруга Арјета Ајдини е вмешана во вооружениот...

Македонија2 дена

Српски државјани добија забрана за влез во земјата и парична казна од 4.000 евра за шверц на цигари, биле уапсени во Скопје

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на спогодба од Основното јавно обвинителство Скопје против двајца државјани на Република...

Македонија2 дена

Поликлиника во Расадник со пари од унгарскиот кредит најавија Ѓорѓиевски и Стаменкоска-Трајкоска

По триесет години празни ветувања, поликлиниката во Расадник станува реалност, кажаа денес актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за...

Свет2 дена

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела. Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја...

Македонија2 дена

(Фото) Општина Центар испрати протестна нота до австриската амбасада поради паркирано возило во пешачка зона

Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на...