Свет
За Трамп, книгата на Вудворд е лажна
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја осуди новата книга за Белата куќа на легендарниот новинар Боб Вудворд, нарекувајќи ја голема измама што е пуштена во јавност.
The Woodward book has already been refuted and discredited by General (Secretary of Defense) James Mattis and General (Chief of Staff) John Kelly. Their quotes were made up frauds, a con on the public. Likewise other stories and quotes. Woodward is a Dem operative? Notice timing?
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 4, 2018
Министерот за одбрана, Џејмс Матис, и шефот на кабинет на претседателот, Џон Кели, ја опишаа книгата како патетична и фиктивна.
Во книгата се цитирани изјави на високи соработници нa Трамп во Белата куќа, дека криеле чувствителни документи за да го спречат Трамп да ги потпише.
Тие се цитирани како го нарекуваат претседателот „идиот” и „лажго”.
Книгата, „Страв: Трамп во Белата куќа“, која е предвидено да биде објавена на 11 септември, ја открива хаотичната администрација, која доживува нервен напад на извршната власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Училиштата во Загреб алармираат: ученици разменувале експлицитни материјали од насилство на „Ватсап“ група
Неколку основни училишта во западниот дел на Загреб ги предупредиле родителите за содржини што ги разменувале ученици во „Ватсап“-група наречена „Луѓенца“, објави „Јутарњи“.
Според информациите, во групата се споделувале експлицитни сексуални материјали, нацистички симболи и фотографии со крајно насилен и вознемирувачки карактер. Директори на училиштата ги повикале родителите да обрнат поголемо внимание на активностите на своите деца на мобилните телефони.
Една мајка за која пишува „Јутарњи“ изјавила дека е згрозена кога дознала на каков материјал може да наидат децата, предупредувајќи дека многумина родители не знаат како да пријават несоодветна содржина на „Ватсап“. Училиштата, според весникот, најавиле дополнителна едукација за безбедно користење на интернет.
Психологот Јокиќ Бегиќ за „Јутарњи“ изјавил дека ваквите случаи укажуваат на сериозен пад на општествените норми и недостиг на контрола, нагласувајќи дека решението е навремена едукација и јасно одбивање на вакви содржини од страна на јавноста.
Од Град Загреб за „Јутарњи“ потврдиле дека станува збор за неколку училишта и дека случајот е пријавен во полиција. Оттаму апелираат родителите да ги следат активностите на своите деца на социјалните мрежи и да пријавуваат сомнителни материјали.
Директорка на едно од училиштата, чија порака ја пренесува весникот, навела дека слични содржини се делат и на „Снепчет“, предупредувајќи дека станува збор за одвратна и опасна содржина што може да го загрози менталното здравје и безбедноста на децата.
Свет
15-годишник уапсен во Британија за обидот за убиство на 16-годишно момче кое се бори за живот
Шеснаесетгодишно момче се бори за живот откако завчера беше застрелано во Шефилд, а полицијата уапси 15-годишник под сомнение за заговор за убиство. Пукањето се случило нешто пред 17:20 часот на прометната улица Лондон роуд, во време на најголема гужва во центарот на градот, пишува „Скај њуз“.
Жртвата итно била пренесена во болница, каде што и понатаму е во животна опасност. Полицијата на Саут Јоркшир потврди дека 15-годишникот е приведен додека детективите работат на утврдување на околностите што довеле до нападот.
„За злосторства со оружје и насилство нема место во Саут Јоркшир, а фактот дека младиот човек се бори за живот е ужасен и нема да се толерира“, порача надзорникот на Шефилд, Мартин Симкок.

Тој изјави дека полициските службеници и форензичките тимови на терен собирале докази, но додаде дека истрагата и понатаму се потпира на помош од јавноста.
„Ве повикувам да се јавите. Без разлика колку вашата информација е мала, токму таа може да биде делот што ни недостасува. Тинејџерот и неговото семејство заслужуваат одговори, а ние сме посветени да ги добијат“, додаде Симкок.
Главната инспекторка Ема Најт, повисока истражителка на случајот, изјави дека станува збор за „ужасен инцидент“. „Сакам да ги уверам жителите дека посветен тим службеници и персонал неуморно работи на разбирање на околностите што довеле до овој напад и на пронаоѓање на одговорните“, рече таа.
Регион
(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот
Шокантни слики доаѓаат од Јадранското Море, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило големи количини отпад на брегот!
Жителите на Дубровник ги фотографираат и снимаат тажните сцени од познатата плажа, но не се изненадени од оваа сцена бидејќи се повторува од година во година.
Како што објави „Дубровачки дневник“, ова е проблем што се повторува со години, кога морето носи огромни количини ѓубре, најчесто од Албанија, на хрватските брегови и плажи.
фото: принтскрин

