Свет
Курц ја осуди руската агресија при посетата на Украина
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во вторникот ја осуди „руската агресија“ на истокот од Украина, невообичаено силна формулација што се појави по контроверзната посета на рускиот претседател, Владимир Путин, на Австрија, пренесува „Локал“.
„Зборувам не само како канцелар туку и како претседател на Советот на ЕУ. Потребна ни е јасна реакција на руската агресија. Мора да посочам дека сме незадоволни што ситуацијата во Источна Украина останува толку комплицирана“, изјави Курц по разговорите со украинскиот претседател, Петро Порошенко.
Курц, кој се обиде да ги подобри врските на ЕУ со Русија, ја повика Русија да се врати на преговарачката маса на која ќе бидат и Франција и Германија.
„Ова е единствениот формат што го имаме досега”, рече Курц.
Германија и Франција во изминатите месеци се обидоа да го заживеат замрениот мировен процес во обид да го решат разгорениот конфлик, но Москва отфрли какви било разговори во блиска иднина по минатонеделниот атентат врз клучниот бунтовнички лидер во Источна Украина, Александар Захарченко.
Посетата на Курз на Украина дојде откако танцот на Путин со австриската министерка за надворешни работи, како гостин на нејзината свадба во август, предизвикана вознемиреност во Украина и во Европа. Висок украински функционер, инсистирајќи на анонимност, изјави дека австрискиот канцелар ветил оти ќе му ја објасни на Киев посетата на Путин.
„Оваа свадба ѝ предизвика значителна штета на репутацијата на Австрија во Украина”, напиша украинскиот амбасадор во Австрија, Олександр Шчерба, на „Фејсбук“ во понеделникот.
На заедничката прес-конференција по средбата со Курц, украинскиот лидер ѝ се заблагодари на Виена за силната поддршка и додаде дека „никаква свадба не може да ја запре руската агресија”. На новинарите не им било дозволено да им поставуваат прашања на лидерите поради чувствителноста на темата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.