Свет
Зголемена потрошувачката на лаптопи поради работа од дома

Сè поголем е бројот на вработени во светот кои работат од дома во рамки на мерките за забавување на ширењето на коронавирусот, што ја зголеми потрошувачката на лаптопи, периферна мрежна опрема и компоненти како чипови, бидејќи компаниите забрзано почнаа да прават виртуелни канцеларии.
Голем број фабрики ги повлекоа прогнозите за своите заработки поради епидемијата што им ги загрози активностите, очекувајќи пад на побарувачката на потрошувачите, како и економски колапс, за разлика од произведувачите на електронски уреди и чипови, кои ќе профитираат од пресвртот во кулурата на работа, пишува „Ројтерс“.
Многу влади и компании во светот им препорачаа на луѓето да останат дома за да се заштитат од вирусот. Јужна Кореја, земјата на најголемиот светски произведувач на мемориски чипови „Сансунг електроникс“, соопшти дека во речиси ист период забележала скок од 20 проценти на извозот на полупроводници.
„Со оглед на тоа што се повеќе луѓе работат од дома за време на епидемијата, сè поголема е потрошувачката за интернет-услугите, што значи дека на дата-центрите им се потребни дополнителни канали за сообраќај“ рекол аналитичар од компанијата „ЦАПЕ Инвестмент енд секјурити“, Парк Сунг-сун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не води трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не води трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.
„Не можете да имате трговска војна со Кина и Европа во исто време, се надевам дека го убедив во тоа“, изјави Макрон за Фокс њуз по средбата со Трамп во Вашингтон, пренесува бриселскиот портал Политико.
Макрон изјави дека за Вашингтон „приоритет е да се воведат царини за Кина“ и дека истовремено водење трговска војна со Европа би било против интересите на САД. Францускиот претседател рече дека се обидел да го убеди Трамп да не воведува царини, нагласувајќи дека Европа не направила ништо за да ја заслужи американската одмазда, пренесува Танјуг.
„Му реков на Трамп дека ДДВ не е царина и дека Европската унија никогаш не воведувала царини за увоз од Америка“, рече Макрон. Тој нагласи дека европските земји нема да можат да ги зголемат трошоците за одбрана, како што бара Трамп, доколку се соочат со трансатлантска трговска војна.
Свет
Ватикан: Папата Франциско и понатаму е критично, но е стабилен

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран во римската болница Гемели поради пневмонија, и понатаму е во критична состојба, но е стабилен и немал никакви респираторни кризи, соопшти денеска Ватикан.
Тој е во болница од 14 февруари, што е негов најдолг престој во болница откако е избран за папа, објави Ројтерс.
Вчера Ватикан објави дека состојбата на папата и понатаму е критична, но дека има „маргинално подобрување“ и дека „благата бубрежна инсуфициенција“, која првпат беше пријавена во текот на викендот, не е причина за загриженост.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.