Свет
Зголемен број пребарувања „дали можам да го променам својот глас“ на изборите во САД
На помалку од една недела од трката меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот предизвикувач од Демократската партија, Џо Бајден, се чини дека многу Американци, кои гласаа предвреме, се обидуваат да го сменат своето мислење – и на некои места можеби ќе може да го сторат тоа, пренесува РТ.
Очигледно, бројот на пребарувања „дали можам да го променам својот глас“ масовно се зголеми по последната претседателска дебата минатата недела и е во постојан пораст, објави „Фокс‘френдс“ во вторникот. Трамп, кој е љубител на утринската емисија за вести, побрза да твитне за тоа и рече дека овој тренд „се однесува (на) промена за мене“.
Strongly Trending (Google) since immediately after the second debate is CAN I CHANGE MY VOTE? This refers changing it to me. The answer in most states is YES. Go do it. Most important Election of your life!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 27, 2020
„Одговорот во повеќето држави е ДА. Одете и направете го тоа!“, ги повика тој гласачите.
Ник Флор, професор по медиуми на Универзитетот во Њу Мексико, ја гледал истата емисија и направил свое истражување создавајќи вистински графикон што го покажува скокот во пребарувањата.
BTW, did you hear that "Can I change my vote" is trending as a search term on Google? ROFL!
Started peaking right after the final debate / Hunter Biden controversy. This is why social media is trying so hard to censor.#FoxAndFriends
The answer is yes:https://t.co/xrQwOeoOAU pic.twitter.com/qZA3tPmK3u
— Nick Flor-ProfessorF (@ProfessorF) October 27, 2020
Подоцна тој се спротивстави на тврдењата дека ова се случува на секои избори објавувајќи друг графикон, кој покажа голем скок во 2016 година, но сепак помал од сегашниот.
LOL, no it is not EVERY election this happens — contrary to what the correct-the-record mob is frantically trying to post.
And this is the highest level ever for "Can I change my vote" (dashes indicate still climbing, see below) pic.twitter.com/uOC9TdVmHZ
— Nick Flor-ProfessorF (@ProfessorF) October 27, 2020
Додека пребарувањето е популарно во Аризона, Тенеси и во Вирџинија, има лоши вести за гласачите во тие држави – тие всушност не може да го променат својот глас по гласањето. Но, Мичиген, Минесота, Вашингтон и Висконсин имаат закони што им дозволуваат на своите граѓани да ги поништат ливчињата по пошта и да гласаат лично.
Државната изборна комисија во Висконсин испрати меморандум во понеделникот велејќи дека многу гласачи се јавиле со барање да ги променат или откажат своите дадени гласови. Државниот закон дозволува три шанси за откажување на гласачкото ливче.
Портпаролот на изборната комисија во Висконсин, Рид Магни, ги повика гласачите што сакаат да ги сменат своите гласачки ливчиња да не чекаат до последната секунда велејќи дека може да потрае „до седум дена за службеникот да ви испрати ново гласачко ливче“.
Многу американски држави го проширија гласањето по пошта оваа година повикувајќи се на загриженост поради пандемијата на Ковид-19. Раното испраќање по пошта и личното гласање веќе се одвиваше на многу места до моментот кога Трамп и Бајден излегоа на последната дебата на 22 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британската полиција ги истражува летовите на Епстин од аеродромот Стенстед
Полицијата во Есекс ги истражува информациите за приватни летови кои слетувале и полетувале од аеродромот Стенстед, по објавувањето на документи поврзани со Џефри Епстин. Овој потег следи откако поранешниот премиер Гордон Браун минатата недела ја повика британската полиција итно да ги испита тврдењата за криумчарење жени и девојки во земјата со авиони, пренесува Скај њуз.
Браун во текст за „Њу стејтсмен“ навел дека неодамна објавените документи за Џефри Епштајн откриваат дека авионот на осудениот педофил имал 90 летови кон или од британски аеродроми. Тој истакнал дека дури 15 од тие летови се случиле откако Епстин во 2008 година бил осуден за сексуален престап.
Портпаролот на полицијата во Есекс изјавил: Ги проценуваме информациите што се појавија во врска со приватните летови кон и од аеродромот Стенстед, по објавувањето на списите за Епштајн од страна на американското Министерство за правда.
Од аеродромот Стенстед соопштиле дека сите приватни авиони таму оперираат преку независни оператори (Fixed Base Operators), кои се задолжени за сите аспекти на приватното и корпоративното воздухопловство во согласност со прописите. Нагласиле дека сите имиграциски и царински проверки на патниците на приватни летови ги спроведува директно Граничната полиција.
„Тие користат целосно независни терминали со кои не управува Лондон Стенстед и ниту еден патник од приватен авион не влегува во главниот терминал на аеродромот. Аеродромот не управува ниту има увид во патничките аранжмани на приватно оперираните авиони“, се наведува во соопштението.
Свет
Советник во францускиот Сенат тајно фотографирал жени под здолништата
Поранешен советник во францускиот Сенат беше осуден на една година условна казна поради тајно фотографирање жени под здолништата, вклучително и во горниот дом на францускиот парламент.
На педесетгодишниот Себастијен Г. му се судеше откако двајца негови колеги во 2023 година, во заеднички простор на десничарската партија „Ле Републикан“, откриле хард-диск со повеќе од 1.800 фотографии, претежно од сексуална природа, како што навел судијата за време на судењето минатиот месец, пренесува „Ле Монд“.
На дискот имало фотографии од задници и деколтеа на облечени жени, направени на јавни места како улица или во Сенатот, како и фотографии од неговата поранешна девојка, која ја снимал гола во својот дом.
Следната година бил пријавен до управата на Сенатот, по што добил отказ по повеќе од две децении служба.
„Никогаш не сакав никого да повредам“, изјавил на судот во јануари, тврдејќи дека фотографиите никогаш не ги споделил. Навел дека чувствувал „потреба да ја собира убавината на жените“.
Судот му забрани пристап до Сенатот и му наложи психолошко и психијатриско лекување.
Минатиот месец судот го прогласи за виновен и поранешен сенатор кој дрогирал пратеничка со екстази со намера да ја сексуално нападне, и го осуди на 18 месеци затвор.
Свет
Истрага за ранчот на Епстин во Ново Мексико по тврдењата за закопани девојки
Властите на сојузната држава Ново Мексико покренаа истрага за ранчот „Зоро“, кој му припаѓал на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, по обвинувањата дека на тој имот надвор од Санта Фе сексуално злоупотребувал девојки и жени, објави Аксиос.
Според пратеничката Андреа Ромеро, истрагата има за цел откривање на вистината и овозможување преживеаните да добијат правда.
Министерството за правда на Ново Мексико минатата недела му пишало на Министерството за правда на САД барајќи нецензуриран пристап до анонимен мејл од 2019 година во кој се наведува дека две „странски девојки“ биле закопани на ранчот „Зоро“.
Ранчот, кој Епстин го поседувал од 1993 година до неговата смрт во 2019 година, се простира на повеќе од 7.600 хектари и се појавува во повеќе јавно објавени досиеја поврзани со него.
Преживеаните тврделе дека биле злоупотребувани на тој имот, вклучително и сведочењето на Ени Фармер, која за време на судењето на Гислејн Максвел во 2021 година го обвинила Епстин дека ја злоупотребувал на тој ранч.
Двопартискиот одбор на Претставничкиот дом на Ново Мексико ќе собира сведоштва од преживеани и планира јавно именување на осомничените сторители.
Пратениците истакнуваат дека ранчот долго време бил надвор од дометот на правдата и дека истрагата има за цел обновување на довербата на јавноста и заштита на безбедноста на граѓаните.
Сегашните сопственици на ранчот, семејството на поранешниот сенатор од Тексас, Дон Хафинс, вети целосна соработка.
Првиот состанок на одборот е закажан за вторник, а привремениот извештај до Претставничкиот дом мора да биде поднесен до 31 јули, додека конечниот извештај се очекува до 31 декември, вклучувајќи и препораки за понатамошни постапки.

