Европа
Здравствена работничка од Португалија починала два дена по примањето на вакцина
Здравствена работничка од Португалија починала по два дена откако ја примила вакцината против коронавирус на компанијата „Фајзер“, пренесува „Дејли мејл“.
Соња Ацеведо (41) доживеала ненадејна смрт дома на првиот ден од Новата година, 48 часа по добивањето на вакцината. Обдукција беше најавена за денеска или најдоцна утре.

За мајката на две деца, која работела на педијатрија на португалскиот Институт за онкологија во Порто, не е констатирано дека претрпела некои позначајни несакани ефекти по вакцинирањето.
Таткото на Ацеведо, Абилијо Ацеведо, за португалскиот дневен весник „Кореио да Манха“ изјавил: „Беше добро. Немаше никакви здравствени проблеми.
Таа доби вакцина против Ковид-19, но немаше симптоми. Не знам што се случи. Јас само барам одговори.
Сакам да знам што доведе до смрт на ќерка ми“.
Надредените на Ацеведо потврдиле дека починатата била вакцинирана против коронавирус на 30 декември и додале дека не биле известени за какво било „непожелно дејство“ кога таа била боцната или неколку часови после тоа.
Во изјавата на португалскиот Институт за онкологија се вели: „Во врска со ненадејната смрт на оперативниот асистент од ИПО во Порто на 1 јануари 2021 година, Управниот одбор го потврдува настанот и изразува искрено жалење до семејството и пријателите со уверување дека оваа загуба и тука силно се чувствува“.
Во соопштението се додава: „За објаснувањето за причината за смртта ќе следат вообичаените процедури во овие околности“.
Ќерката на Ацеведо, Ванија Фигуередо, рече дека нејзината мајка само се жалела на нормална непријатност во областа каде што била боцната, но инаку била добро.
Оваа здравствена работничка била една од 538 работници во Порто ИПО кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ / „Бионтек“.
За настанот било информирано и португалското Министерство за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина
Полски и сојузнички авиони полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на полската граница, соопштија вооружените сили на членката на НАТО.
„Парови борбени авиони за брза реакција и авион за рано предупредување беа подигнати во воздух, додека системите за воздушна одбрана и радарска контрола беа ставени на највисоко ниво на готовност“, соопшти Оперативната команда во објава на социјалната мрежа Икс, објави Ројтерс.
Во 05:00 часот по централноевропско време, речиси целата територија на Украина беше под воздушна тревога откако украинските воздухопловни сили предупредија за нови руски ракетни и беспилотни летала напади.
фото: принтскрин
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин

