Свет
Зеленските: Русите погодија болница во Днипро, има жртви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека едно лице загинало, а 15 се повредени во рускиот напад утринава врз болница во градот Днипро.
„Руските терористи уште еднаш го потврдуваат статусот на борци против се’ што е хумано и чесно. Ракетен напад на клиника во градот Днипро. Досега едно лице загина, а 15 се ранети. Последиците од гранатирањето се елиминирани, а жртвите се спасени. Вклучени се сите потребни услуги. Моето сочувство до семејството на починатиот. Мораме неповратно и што поскоро да ги победиме овие нелуѓе. Затоа што нашето време е нашиот народ. А нашиот народ е најскапоцениот“, рече Зеленски.
Днипро исто така беше изложен на напади во текот на ноќта. Во текот на ноќта, украинските сили тврдеа дека собориле десет проектили и 25 беспилотни летала испратени на нивна територија од Русија.
На социјалните мрежи кружат непроверени снимки од местото на болницата на кои се гледаат повредени лица меѓу урнатините.
Претходно во текот на ноќта Русија го нападна и Киев, но нема жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.