Европа
Зеленски: Битката за Донбас ќе остане запаметена како една од најбруталните

Жестоката битка за Северодоњецк ќе остане запаметена како една од „најбруталните“ борби што Европа ги видела, за кои Украина платила „застрашувачка“ цена, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Гардијан“.
Украинскиот претседател оваа изјава ја даде доцна синоќа, за време на неговото ноќно обраќање до нацијата, во време кога руските сили се блиску до освојување на Северодоњецк, стратешки град на истокот на земјата, пишува британскиот весник.
„Цената на таа битка во човечки животи е многу висока за нас“, нагласи украинскиот претседател, додавајќи дека таа е застрашувачка и дека битката за Донбас несомнено ќе остане запаметена во воената историја како една од најжестоките битки во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Крајот на војната во Украина е веројатен според едно сценарио, но тоа нас не ни одговара

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од гледна точка на безбедносните гаранции.
„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациски, технолошки и економски поглед бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.
Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална на руската, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.
„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник – Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски.
Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, истакнувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.
„Идентична репродукција на јужнокорејскиот модел веројатно нема да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на земјата.
фото: принтскрин
Европа
Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави Би-би-си Њуз.
Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.
🚨BREAKING🚨:LISBON FUNICULAR DERAILS 🚋
Close-up footage shows the Elevador da Glória, one of the city’s most iconic trams, after it jumped the tracks in central Lisbon. Emergency services rushed to the scene, with at least 3 fatalities confirmed. pic.twitter.com/zZ3D03PAXi
— The_Independent (@TheIndeWire) September 3, 2025
Полицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со жичницата, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалистичката полиција.
Компанијата за јавен превоз во Лисабон, „Карис“, објави дека се извршени сите редовни инспекции на жичницата – големи четиригодишни, привремени двегодишни, како и дневни, неделни и месечни проверки.
И покрај редовните проверки, изјавите на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, поради што жичницата се превртела по стрмна улица и се урнала во зграда.
#ÚLTIMAHORA ⚠️ Varios heridos en #Lisboa al descarrilar el Ascensor de la Gloria, uno de los funiculares más populares de la capital portuguesa.#Portugal #Lisbon pic.twitter.com/OtM2dOhTDe
— eSPAINews (@eSPAINews_) September 3, 2025
Неколку луѓе биле заробени во урнатините и морале да бидат ослободени од спасувачите. Снимките што кружеле на социјалните мрежи покажале дека светло жолтата жичница е превртена и целосно уништена. Еден сведок изјавил за португалскиот весник „Обсервадор“ дека возилото било „надвор од контрола, без сопирачки“.
„Сите почнавме да трчаме затоа што мислевме дека ќе ја удри онаа подолу“, рече Тереза д’Аво. „Но, излета од кривината и се урна во зграда.“ Друг сведок изјави за SIC TV дека жичницата се спуштила по стрмната улица „со полна брзина“. „Ја удрила зградата со брутална сила и се срушила како картонска кутија, немала сопирачки“, рече таа.
Жичницата „Глорија“ е едно од најпознатите обележја на Лисабон. Отворена е во 1885 година, а три децении подоцна е електрифицирана. Познатите жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.
фото: принтскрин