Свет
Зеленски: „Воведете строги санкции за оние што ги загрозуваат меѓународниот мир и безбедноста“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави одлуката на Советот за безбедност на ОН за обновување на санкциите врз Иран и рече дека строгите санкции треба веднаш да се воведат „секогаш кога некој ќе ги поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедноста“.
Зеленски на „Телеграм“ нагласи дека Техеран долго време ги игнорира повиците на МААЕ и на меѓународната заедница поткопувајќи го нуклеарниот поредок.
„Ова треба да стане глобално правило: секогаш кога некој ќе го поткопа или загрози меѓународниот мир и безбедноста, веднаш треба да се воведат строги санкции“, рече Зеленски.
Според него, „Русија дејствува во хармонија со Иран, ја зазема украинската нуклеарна централа со нејзините нуклеарни материјали и го претвора Запорожје во глобална нуклеарна закана“.
„Безгрижните режими, кои ги игнорираат основните норми на меѓународното право и се стремат кон амбиции што ја загрозуваат нуклеарната безбедност, мора да добијат единствен и силен меѓународен одговор“, нагласи украинскиот лидер.
Зеленски истакна дека „остриот колективен притисок врз Русија“, како и санкциите против нејзиниот нуклеарен сектор, се неопходни за зајакнување на меѓународниот нуклеарен поредок. Во петокот ОН го обновија ембаргото за оружје и другите санкции против Иран.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

