Свет
Зеленски во Минхен: Разговорите со Трамп не се доволни за мировен план
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во Минхен изјави дека досегашните разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, дефинитивно, не се доволни за формирање мировен план. Сепак, тој истакна дека сигналите од САД се силни, но се разликуваат, и додаде дека се потребни дополнителни разговори со американскиот потпретседател, со кого треба да се сретне денеска.
По пристигнувањето на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски веднаш одговори на прашањата за иднината на Украина. Тој повтори дека Украина сака да биде членка на НАТО и дека никогаш нема да ги признае окупираните територии како дел од Русија.
„Никогаш нема да ги признаеме окупираните територии како руски“, рече Зеленски на прес-конференција.
„Да, сакаме да бидеме во НАТО. Ние веруваме во безбедносните гаранции на НАТО. Мислам дека тоа е најевтината опција за секого“, додаде тој нагласувајќи дека Европа мора да застане покрај Украина за сопствената безбедност.
Зборувајќи за нападот на Чернобил, Зеленски повтори дека руски дрон извршил многу опасен напад врз нуклеарната централа, што Кремљ го негира.
Тој објасни дека дронот летал премногу ниско за да биде забележан од радарот и дека нападот бил намерно темпиран да се совпадне со почетокот на конференцијата во Минхен.
„Путин, дефинитивно, не сака мир“, рече Зеленски додавајќи дека разузнавачките податоци покажуваат оти Русија се подготвува за војна против НАТО в година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

