Свет
Зеленски ги посети своите војници во регионите Донецк и Запорожје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали украинските војници за нивниот напредок во сите сектори откако се појавија на првите борбени линии на истокот и југот од земјата.
Едно од видеата го покажувал командантот на копнените сили на Украина, генералот Олександр Сирски, како гледа на мапи заедно со Зеленски.
Во друг клип, објавен подоцна, Зеленски е снимен на бензинска пумпа, која се наоѓа во источниот дел на регионот Донецк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Дрон удри во зграда во Московска област: станот е целосно уништен, петмина повредени
Пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во напад со беспилотно летало врз станбена зграда во Красногорск, Московска област, соопшти регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
A Ukrainian drone crashed into an apartment in Krasnogorsk
The impact hit the 14th floor, injuring five people.
Local residents say the explosion was so powerful that fragments of the building’s facade and shattered glass were scattered all over the courtyard. pic.twitter.com/A2asEfNUOP
— NEXTA (@nexta_tv) October 24, 2025
„Станбена зграда во Красногорск е оштетена во напад со беспилотно летало. Дронот се урна во стан на 14-ти кат. Пет лица се повредени, меѓу кои и едно дете. Четворица се веднаш однесени во болници, каде што добиваат потребна медицинска помош“, напиша Воробјов на својот Телеграм канал.
Тој истакна дека детето претрпело полесни повреди на долниот дел од ногата и исчашено колено, додека другите повредени лица имаат трауматски повреди на мозокот, фрактури и рани од шрапнели.

Инцидентот оштети и делумно уништи три стана. Фрагменти од облогата на зградата и стаклените прозорци беа расфрлани на растојание од околу 100 метри. Станарите на зградата изјавија за руската државна новинска агенција Тасс дека експлозијата била „многу моќна“.
фото: принтскрин
Европа
Захарова ја нападна Полска: „Сакаат да ги вовлечат САД во опасен потфат“
Русија верува дека одредени членки на НАТО, со акцент на Полска, сакаат да се откажат од ограничувањата поврзани со распоредувањето нуклеарно оружје на нивна територија, што би ги влошило „стратешките ризици“ и дополнително би ги зголемило тензиите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Захарова истакна дека полските претставници веќе се обратиле до Соединетите Држави „во обид да го вклучат Вашингтон во обврска поврзана со распоредувањето американско нуклеарно оружје на полска територија“.
„Со прибегнување кон вакви потези, формално ненуклеарните членки на НАТО повторно го покажуваат своето пркосно непочитување на Договорот за неширење на нуклеарно оружје“, рече таа на брифингот, како што објави руската државна новинска агенција ТАСС. Таа додаде дека не може да се исклучи можноста некои од овие земји, кои сè уште се придржуваат кон националните ограничувања, целосно да ги напуштат овие обврски во иднина.
Захарова, исто така, ја нарече овогодишната вежба на НАТО за нуклеарно одвраќање, „Steadfast Noon“, во која учествуваат 14 земји-членки и до 60 авиони, „длабоко дестабилизирачка“. Таа тврди дека „оваа шема и соодветните капацитети на земјите-членки на НАТО“ ќе доведат до „понатамошно влошување на стратешките ризици и зголемени тензии“.
Нејзините коментари доаѓаат во време на зголемени тензии околу Украина и пропаѓање на договорите за контрола на оружјето, поттикнувајќи стравувања од нова трка во вооружување. На ова предупреди и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој во среда изјави дека „непријателските политики на земјите-членки на НАТО“ би можеле „да доведат до директна конфронтација меѓу нуклеарните сили“.
Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека американскиот претседател Трамп ја одложи средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела, додека Путин надгледуваше голема нуклеарна вежба со интерконтинентални балистички ракети.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Автобус се запали по судир со мотоцикл, десетици мртви во Индија
Во пожар предизвикан од истекување на гориво по судир помеѓу приватен автобус и мотоцикл на рута помеѓу јужните индиски градови Бангалор и Хајдерабад загинаа најмалку 20 лица, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на официјални лица.
„Од 41 патник, 21 се спасени. Од преостанатите, телата на 11 лица се идентификувани досега“, изјави окружниот службеник А. Сири за новинската агенција АНИ.
Hyderabad to Bangalore bound bus catches fire in Kurnool
25 feared dead
At least 25 people believed to be charred to death after a private travel bus caught fire in near Chinnatekuru Kurnool early Friday. The Kaveri Travels bus was travelling from Hyderabad to Bengaluru when… pic.twitter.com/zFDIfibt7J
— Sudhakar Udumula (@sudhakarudumula) October 24, 2025
Во слична несреќа минатиот месец, 19 лица загинаа во западната држава Раџастан кога се запали приватен автобус, објави Ројтерс.
Агенцијата, исто така, наведува дека, иако Индија е трет по големина пазар на автомобили во светот, таа има едни од најсмртоносните патишта. Околу 180.000 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи низ целата земја минатата година.
фото: принтскрин

