Свет
Зеленски денес во посета на Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/zelenski.jpg)
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ќе допатува во турскиот град Истанбул на покана на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Во рамките на посетата Зеленски и Ердоган ќе остварат тет-а-тет и меѓуделегациска средба.
Се вели дека во рамките на состаноците ќе се разговара за последните случувања во врска со руско-украинската војна, договорот за житниот коридор, чиј рок истекува на 17 јули, и за односите меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.
Свет
Поранешен американски сенатор признал дека отпатувал во Прага за да има секс со малолетници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/holmberg.jpg)
Поранешниот претставник на Северна Дакота, републиканскиот сенатор Реј Холмберг, кој беше еден од најмоќните членови на парламентот, потпиша договор за признавање на вина за патување со намера да се впушти во нелегални сексуални активности – односно плаќање за секс со малолетници.
Обвинителите тврдат дека поранешниот сенатор неколку пати патувал во Прага со намера да плати за секс со малолетници во периодот од 2011 до 2016 година, а според договорот, сега 80-годишниот Холмберг мора да се регистрира како сексуален престапник.
Максималната казна што му се заканува е 30 години затвор, парична казна од 250 илјади долари. Сепак, се очекува тој да биде казнет со затворска казна од три до четири години.
Инаку, мандатот му истече во 2022 година, а потоа објави дека не планира повторно да се кандидира за функцијата. Сепак, тој поднесе оставка откако Форумот на Фарго откри дека разменил десетици пораки со затвореник за сексуална злоупотреба на деца.
Документите до кои дојде АП покажуваат дека Холмберг бил на десетици патувања во САД и повеќе од 30 други земји, вклучувајќи ги Канада, Порторико и Норвешка. Холмберг отпатувал во Прага и други европски градови користејќи државни средства.
Свет
Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/mark-rute.jpg)
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО.
Северноатлантскиот совет одлучи во средата на 26 јуни 2024 година да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг.
Руте ќе ги преземе своите должности како генерален секретар од 1 октомври 2024 година, кога му истекува мандатот на Столтенберг по десет години на чело на Алијансата.
По одобрувањето на Унгарија и Словачка, Романија ја потврди својата поддршка за Руте минатата недела, при што романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за највисокото место во НАТО.
Рута во критичен момент ќе го преземе водството во НАТО алијансата. Неговиот мандат ќе започне нешто повеќе од еден месец пред изборите во САД, кои ќе ја обликуваат судбината на воената алијанса.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, актуелен републикански кандидат, вети дека ќе остане во НАТО, но се закани дека ќе ја прекине американската помош за Украина доколку биде реизбран.
Марк Руте е роден на 14 февруари 1967 година и тој е холандски политичар кој беше премиер на Холандија од 2010 година. Руте е голем поддржувач на Украина.