Европа
Зеленски: Десетици илјади луѓе беа убиени во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да се обраќа пред парламентите во светот, а денеска на ред дојде јужнокорејскиот.
Обраќајќи им се на Јужнокорејците, Зеленски рече дека од почетокот на руската инвазија на Украина во таа земја се уништени 938 образовни институции и речиси 300 болници.
Тој додаде дека руските сили намерно уништуваат станбени населби и градови со тенкови и артилерија.
„Од некогаш нормалните мирни градови имаме само урнатини. Не можеме ни да ги изброиме мртвите“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер рече дека амбулантите и пожарникарите на северот на земјата продолжуваат да ги расчистуваат урнатините останати по руското бомбардирање додавајќи дека дел од регионот останува активно поле.
Тој додаде дека руските окупатори испратиле илјадници војници и голем број воена опрема во Украина и изјави дека Русите подготвуваат нови напади.
Зборувајќи за тешката состојба во разурнатиот Мариупол, Зеленски рече дека градот е опколен од 1 март.
„Колоните со храна не може да влезат во градот. Се обидоа да го уништат на најсуров начин. Се обидоа да уништат сѐ што има овој град. Мариупол беше уништен. Десетици илјади жители загинаа, но Русите сѐ уште не ги запираат нападите“, изјави украинскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.